Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овоштари, инвестирајте во системи за заштита од мразеви преку ИПАРД – Повик за Мерка 1 ќе има следната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Овоштари, инвестирајте во системи за заштита од мразеви преку ИПАРД – Повик за Мерка 1 ќе има следната година
АгровестиФондови

Овоштари, инвестирајте во системи за заштита од мразеви преку ИПАРД – Повик за Мерка 1 ќе има следната година

Објавено 29/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во производната практика силно се чувствуваат промени на одредени климатски елементи. Промените на климатските фактори придонесуваат кон влошување на условите за производство на голем број наши традиционални овошни култури. Честопати појавата на краткотраен град, екстремно ниски температури, доцни пролетни мразеви, топлотен бран или силен ветер, може да бидат доволни да го компромитираат или уништат целокупниот род во насадите од било која овошна култура. Поради големата зависност од еколошките услови, овоштарството спаѓа во групата на најранливи категории кон климатските промени.

Во врска со важноста или пресудноста на сортиментот за добивање конкурентен производ, професор Кипријановски вели дека сортиментот е важен но не значи дека новите сорти секогаш се добро решение доколку не се испита нивното прилагодувње на нашите услови.

Што треба да превземат производителите и каква долгорочна стратегија е потребна за оваа гранка, разговараме со Професор Марјан Кипријановски од катедрата за овоштарство при Факултетот за земјоделски науки и храна.

„ Во принцип кај поголем број овошни култури имаме застарен сортимент, со сорти кои не одговараат на потребите на современите потрошувачи, но и на производителите. Тука пред се се мисли за јаболката, праската, сливите, кајсијата, а во помала мера и на другите култури. Во новите насади треба да се води сметка да се користат квалитетни, родни сорти прилагодени на нашите еколошки услови. Не треба да се оди со садење на нови сорти по секоја цена. Секоја нова сорта не значи дека и во наши услови ќе даде задоволителни резултати. За секоја сорта пред да се воведе во наше производство претходно треба да се испита како се однесува во нашите климатски и производни услови. Во услови на изменета клима при изборот на сортите меѓу другите својства треба да се обрне внимание и на времето на цветањето. Сорти со подоцно цветање се помалку ризични при појава на ниски температури. Но доцното цветање не секогаш е и гаранција дека одредена сорта ќе се спаси од оштетувања кои може да ги предизвикаат доцните пролетни мразеви. Порано доцните мразеви се јавуваа најдоцна во втората половина на април, така да оние сорти и видови кои подоцна цветаа се спасуваа од оштетување. Како резултат на климатските промени доцните мразеви започнаат да се јавуваат и во крајот на месец април кога сите овошни видови и сорти во најголем дел од производните региони се веќе во поодминати фази на развој, така да доцното цветање не е гаранција и за спас од мразевите – вели Кипријановски.

Според него, долгорочно како решение е инвестиција во системи за заштита од мраз.

„Од овој аспект гледано во наредниот период овоштарите повеќе треба да обрнат внимание на инсталирање на системи за заштита од мразеви, особено антифрост системите со микродождување, кои масовно се користат во развиените овоштарски земји. Може да се размислува и за набавка на опрема за најразлични начини на загревање на насадите во периодот на појавата на ризичните ниски температури. Секако овие мерки и инвестиции ги зголемуваат трошоците за одгледување на насадите, со тоа се зголемува производната цена, но се неопходни за прилагодување на климатските промени. Дел од инвестициите за заштита од мразевите се инкорпорирани и во програмите од ИПАРД кои може да ги користат нашите овоштари“ – препорачува Кипријановски.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:заштитаипардовошни насадисистем
Претходен напис Напивки благотворни против анемија
Следен напис Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?