Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пенов: Многу локални проекти се реализираат со средства од ИПА инструментот на ЕУ, важно е општините да градат капацитети за нивно целосно искористување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пенов: Многу локални проекти се реализираат со средства од ИПА инструментот на ЕУ, важно е општините да градат капацитети за нивно целосно искористување
АгровестиРурален Развој

Пенов: Многу локални проекти се реализираат со средства од ИПА инструментот на ЕУ, важно е општините да градат капацитети за нивно целосно искористување

Објавено 08/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во реализацијата на проектите за развој на општините значајна е поддршката од Европската Унија, преку експертиза, но и со конкретна финансиска поддршка, а вие локалните власти од земјите членки на Унијата, најдобро ги разбирате нашите напори  за унапредување на системот на локалната самоуправа и интегрирање на стандардите на ЕУ за рамномерен и одржлив социо-економски развој, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на состанокот на заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Европската Унија, во рамките на Комитетот на региони на ЕУ.

– Резултатите и предизвиците беа претставени и на скринингот на Европската Унија за напредокот на државата, кој што е во завршна фаза. Највисок приоритет на Владата е преговорите со Европската Унија да продолжат со отворање на поглавјата и да обезбедиме континуитет во реформите.

Според Пенов, во ова време на огромни глобални предизвици нашите стабилни партнерства како членка на НАТО и сериозен кандидат за членство во Европската Унија се најголемата гаранција за мир, стабилност и развој.

-Во претстојниот процес на интегрирање во Европската Унија, улогата на локалните власти станува се поголема. Во услови на децентрализиран систем на управување на локално ниво ќе се имплементираат голем број на закони кои што ќе инсистираат на повисоки стандарди на услуги како на пример во областа на животната средина, во управувањето со отпадот. Општините ќе треба да покажат и поголема капацитетност во апсорпцијата на  ИПА средствата од Европската Унија.

Министерот за локална самоуправа ја истакна поддршката на општините преку буџетските развојни програми преку кои на годишно ниво се финансираат проекти за подобрување на комуналната, патната и социјалната инфраструктура. Притисокот од локалните власти за поголемо зафаќање од финансискиот колач е постојан и разбирлив. Важно е да има континуиран и аргументиран дијалог преку кој што ќе се унапредуваат процесите, но и поголема свесност и одржливост за она што досега го имаме направено, во што се вложени многу човечки и финансиски ресурси, наши, сопствени, но и од Европската Унија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:буџетеуживотна срединаипапенов
Претходен напис АХВ: Досега нема нотификација дека на нашиот пазар има небезбедни минерални води и газирани пијалаци
Следен напис Маричиќ: Со Планот за раст се фокусираме на реформите за повеќе инвестиции и прогрес на земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?