Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 10 најчесто поставувани прашања од страна на земјоделците во врска со мерката 113
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > 10 најчесто поставувани прашања од страна на земјоделците во врска со мерката 113
Фондови

10 најчесто поставувани прашања од страна на земјоделците во врска со мерката 113

Објавено 22/02/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

1.Дали меркaта 113 важи и за правни лица?

Одговор: Да мерката важи за правни лица .

2. Дали доколку земјоделцот достави потврда дека бил две години невработен и со тоа ги добие 15 поени, во понатамошниот период има право да се вработи  или не?

Одговор: Земјоделецот за да ги добие тие 15 бода треба да биде невработен најмалку 2 години во моментот на аплицирањето. Понатаму ако ги исполнува условите и потпише договор за инвестицијата, нема обврска да остане невработен и понатаму.

3. Дали за објектите во кои ќе бидат  сместени машините за доработка, чување, ладење  на земјоделските производи ќе треба да се доставува имотен лист со кој ќе се докажува сопственост ?

Одговор: Нема потреба да се  доставува имотен лист за објектите во кои ќе биде поставена опремата.

4. Дали  објектите во кои ќе бидат  сместени машините за доработка,  чување, ладење на земјоделските производи треба да се легализирани?

Одговор: Не објектите каде што ќе бидат сместени машините нема потреба да се легализирани.

5.За кој објекти е неопходно доставување на имотен лист и друга градежна документација?

Одговор:  Имотен лист е потребен само за градба, конструкција/реконструкција на објекти и пластеници. Исто така  доколку се изведуваат градежни или реконструктивни зафати, објектот МОРА да има решени имотно-правни односи, како и целокупна документација законски потребна за реализација на инвестицијата(одобрение за градба и друга техничка документација за објектот).

6. Дали објектот во кој ќе биди сместена опремата за преработка треба да биди изграден  во рурална средина(село) или можи да биди сместен и во урбана средина(град)?

Одговор: Не е важно дали објектот се наоѓаво град или во село.

7. Дали како прифатлива инвестиција може да биде набавка на пчелни семејства или на пчелни сандаци?

Одговор: Набавката на пчелни сандаци  може да биде прифатлива инвестиција, но износот на пчелните сандаци  не смее да  изнесува повеќе од 20% од вкупната прифатлива инвестицијата за да може корисникот да  добие 30 поени . Додека набавката на пчелни семејства НЕ МОЖЕ да биде прифатлива инвестиција.

8. Пример за механизација која може да биде прифатлива инвестиција:

  • Одговор:
  • лактофризер,
  • машина за молзење,
  • миксер приколица за мешање на сточна храна,
  • душеци за кравите,
  • поилки за фармата,
  • изградба на централно измолзилиште на фармата,како и за опрема за такво измолзилиште,
  • ладилник за чување на овошје ( комора ладилнк),
  • кршачка на лешник,
  • роначка на пченка,
  • мешалка за преработка на млеко во биено сирење,
  • вакумерка  за пакување на сирење
  • приколка како механизација
  • сандаци за пчели и комплетна опрема за пчеларство (со исклучок на матици и роеви)
  • балирачка
  • сенопревртувач
  • вилушкар
  • корпи за утовар и истовар како опрема за трактор

9. Како земјоделецот што аплицира да добие дополнителни 5 бода ако нема соодветно земјоделско образование?

Одговор:АПРЗ  ќе му издаде потврда на негово барање која носи 5 поени

10 Дали за инвестиција поголема од 10 000 евра потребни се три понуди?

Одговор: НЕ, потребна е само една понуда.

Може да ви се допадне

АПРЗ во Битола одржа Национална работилница за обука „Зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени во земјоделството“
Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗНХ
АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата
(ВИДЕО) Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование“
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Таг:агротимапрзмерка 113понудапрашања
Претходен напис Бабовски : На располагање нови средства за модернизација и развој на рибарството и аквакултурата во земјава
Следен напис Дали треба да се сади овошје во престапна година
1 коментар 1 коментар
  • Vanco напиша:
    на 22/02/2020 г. во 22:23 часот

    Zdravo imam 36 godini imam zemjodelska firma imotot i kravarskata farma se na firmata dali moze da apliciram za priklucna mehanizacija preku merkata mlad zemjodelec pozdrav

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?