Градено по ЕУ стандарди, поддржано со ЕУ средства – ресторан Била Зора, пишува на својот Фејсбук профил директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Угостителската понуда во Свети Николе збогатена со нов капацитет преку ИПАРД 2. Мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси опфаќа финансиска поддршка за рурален туризам и угостителски услуги што совршено се вклопило со идеите на нашите домаќини.

Бачовски информира дека на повикот 19/01 аплицирале со проект за изградба на објект, опремување со мебел, партерно уредување, дворно место и фотоволтаична централа. Вкупната вредност на проектот е 52.3 милиони денари од кои 60% или 29 милиони денари се ко-финансирани од ИПАРД II програмата.
Огромно е задоволството да се биде поддржувач на ваквите инвестиции. Секоја идеја за инвестиции во руралните средини е добредојдена во ИПАРД, а за препознатливоста и реномето на програмата говорат стотиците апликации кои пристигнаа на првите повици од ИПАРД 3 програмата – пишува Бачовски.

