Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Забрчанец за Отворен Балкан: Имаме вртоглав раст на туризмот, олеснет увоз и извоз и соработки во областа на културата со Србија и Албанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Забрчанец за Отворен Балкан: Имаме вртоглав раст на туризмот, олеснет увоз и извоз и соработки во областа на културата со Србија и Албанија
Агровести

Забрчанец за Отворен Балкан: Имаме вртоглав раст на туризмот, олеснет увоз и извоз и соработки во областа на културата со Србија и Албанија

Објавено 23/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Имавме одлични заеднички иницијативи, и се уште течат соработките на тема туризам, таканаречените кружни тури од кои што, особено македонскиот туризам имаше бенефит. Ние имаме вртоглав раст во развојот на туризмот. И во областа на културата веќе има конкретни соработки меѓу уметници од Северна Македонија, Србија и од Албанија“, вели координаторот на Отворен Балкан, Марјан Забрчанец за Институтот за комуникациски студии.

Тој ги спомена и зелените ленти на границите на Ќафасан и на Табановце за транспортните возила од кои огромен бенефит имаат компаниите кои увезуваат и извезуваат особено во делот на исхраната, но и сите вработени и сите семејства на тие вработени.

„Станува збор за брз проток на транспортни возила на границите. Има посебна лента за камионите на Отворен Балкан. Патарините ги усогласивме, со популарниот mTAG кој што го има во земјите од Отворен Балкан. Северна Македонија и Србија се поврзаа, а ќе следи понатаму и поврзување на Албанија бидејќи таму се уште нема доволен број патарини со mtAG. Toa е една придобивка за побрз проток на граѓаните, да нема застанување на патарините, рампите автоматски да се креваат“, потенцираше Забрчанец.

За потсетување, Отворен Балкан e регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Беше замислен како забрзувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Кон Отворен Балкан досега пристапија три држави – Србија, Албанија и Северна Македонија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:балканвладаЗабрчанецизвовмакедонијаотворен балкансрбијаувоз
Претходен напис ЦУК: Активен пожар над село Белица под Солунска Глава на висок и непристапен терен
Следен напис (ФОТО) Кривопаланечко село Крстовдол: Осамено со жители, богато со природна убавина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?