Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Абдиу-Халили од Брисел: Северна Македонија, регионален лидер во ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Абдиу-Халили од Брисел: Северна Македонија, регионален лидер во ИПАРД програмата
Агровести

Абдиу-Халили од Брисел: Северна Македонија, регионален лидер во ИПАРД програмата

Објавено 16/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Брисел започна 3 дневниот билатерален скрининг за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Поглавјето 11 опфаќа голем број обврзувачки правила, кои во најголем дел се директно применливи. Правилната примена на овие правила и нивното ефективно спроведување и контрола од страна на ефикасна јавна администрација се неопходни за функционирање на заедничката земјоделска политика (ЗЗП).

Пред експертите на Европската комисија од Генералниот директорат за Земјоделие и рурален развој како и Дирекцијата за добрососедство и  проширување, заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу Халили изрази благодарност до Европската Комисија за досегашната поддршка во развој на македонското земјоделие и рурален развој, нагласувајќи дека Северна Македонија е лидер во регионот што се однесува до искористувањето на фондовите од ИПАРД програмата.

„Горди сме што го потпишавме Финансискиот договор за Програмата ИПАРД 3 на почетокот на октомври. Покрај тоа, реализацијата на ИПАРД 2 Програмата е над 98%. Ова ни дава поттик и надеж дека ќе имаме 100% реализација на ИПАРД 3 Програмата, бидејќи првиот јавен повик е веќе објавен, со што Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот која ќе започне со спроведувањето на новиот ИПАРД програмски период“, рече во нејзиното воведно излагање Абдиу-Халили.

Дел од македонската делегација е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанстопанство Љупчо Николовски, кој пред претставниците на Европската Комисија ги претстави најновите законски решенија, постоечката законска рамка, институционалните капацитети како и можностите и предизвиците со кои се соочува македонското земјоделие и руралниот развој. Освен Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое е институција носител за ова поглавје, македонската делегација ја сочинуваат и претставници од: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот земјоделски инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државна комисија за спречување на корупцијата како и на Секретаријатот за европски прашања.

Утре и задутре продолжува билатералниот скрининг за Поглавје 11, на кој ќе се презентира каков напредок имаме постигнато и што правиме за зајакнување на земјоделскиот пазар во нашата држава.

Република Северна Македонија во изминатиот период работеше на транспозиција на релевантното ЕУ законодавство, како и во зајакнување на административните и оперативни капацитети. Усвоена е националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 година. Стратегијата е во согласност со Заедничката земјоделска политика на ЕУ 2023 -2027.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Абдиу-ХалилиБриселИПАРДлидерСеверна Македонија
Претходен напис ЦУК: Вкупо 52 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сè уште активни
Следен напис Николовски: Денеска од Брисел ги започнавме билатералните скрининг средби од областа на земјоделството и руралниот развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?