Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Вкупо 52 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сè уште активни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Вкупо 52 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сè уште активни
Агровести

ЦУК: Вкупо 52 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сè уште активни

Објавено 16/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на 52 пожари на отворен простор, некаде заеднички –  здружени од повеќе општини и институции, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР, известуваат од Центарот за управување со кризи.

Пожарите коишто се уште се активни утрово се во Општина Македонски Брод, во пределот над с.Белица каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен, во Општина Велес, меѓу с.Иванковци и с.Мамутчево горела борова шума и во Општина Куманово се уште е активен пожарот кај с.Шупли Камен, што во неколку наврати е повторно активиран, каде што гори ниска вегетација и стрниште.

Додека во Општина Сарај, кај с.Кондово, од ЦУК информираат дека гори ниска вегетација, стрниште и мешана шума, огнот се прошири.

-Утрово веќе полета еден хеликоптер на МВР да гасне и тој веќе дејствува, а истовремено според извидувањето од воздух ќе биде проценето дали ќе се дејствува и со други воздухоплови, иако пожарникарите од земја го ставија утрово под контрола и нема загрозени населени места. Конкретно,  пожарот, вчера во 14.17 часот е пријавен, а пожарникарите од БППЗ на Град Скопје беа веднаш излезени и дејствуваа на терен со две возила и пет пожарникари. Попладне, по проширувањето на пожарот околу 16.35 часот, е побарана воздушна поддршка, но во тој момент повеќе немаше дежурни хеликоптери во МВР ниту противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите беа на терен, велат од ЦУК.

Оттаму исто така информираат дека четири екипи на БППЗ се уште се на терен и работат на гаснење на пожарот. Нема загрозени населени места.

Пожарот утрово е под делумна контрола, па по дејството на ангажираниот хеликоптер и неговото извидување ќе се процени дали има потреба од ангажирање и други хеликоптери.

Според ЦУК, изгаснатите 48 пожари од 52 вкупно се на територијата на цела земја, конкретно, во општините: Петровец, Бутел, Студеничани, Илинден, Кисела Вода, Арачиново, Шуто Оризари, Аеродром, Сарај, Крушево, Битола, Прилеп, Василево, Босилово, Радовиш, Охрид, Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Штип, Кочани, Куманово, Старо Нагоричани и во Општина Ранковце.

Додека најмногу пожари имало во Општина Куманово, вкупно шест, каде што горела ниска вегетација и стрништа: кај с.Тромеѓа, с.Лојане, с.Романовце, с.Пчиња и кај с.Ново Село – пет коишто се изгаснати, а шестиот пожар којшто е се уште активен е кај с. Шупљи Камен.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деноноќиеотворенопожарицук
Претходен напис (ВИДЕО) САД: Избрана најомилената „дебела“ мечка за 2023 година
Следен напис Абдиу-Халили од Брисел: Северна Македонија, регионален лидер во ИПАРД програмата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?