Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Денеска од Брисел ги започнавме билатералните скрининг средби од областа на земјоделството и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Денеска од Брисел ги започнавме билатералните скрининг средби од областа на земјоделството и руралниот развој
Агровести

Николовски: Денеска од Брисел ги започнавме билатералните скрининг средби од областа на земјоделството и руралниот развој

Објавено 16/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) предводена од министерот Љупчо Николовски, оваа недела во Брисел ќе одржи повеќе билатерални средби помеѓу Европска Комисија и Македонија, за поглавјето 11 – земјоделство и рурален развој.

Пристапните преговори во Земјоделството се претежно фокусирани на процедурите за идните директни плаќања, поддршка на руралниот развој и потребата од преодни мерки кои ја олеснуваат интеграцијата на земјата во Европската унија. Поглавјето за Земјоделство и Рурален Развој опфаќа голем број на обврзувачки правила кои се директно применливи.

„Денеска од Брисел порачуваме дека за нашата земја нема друга опција освен европската. Ги започнавме билатералните скрининг средби од областа на земјоделството и руралниот развој.

Според Извештајот за напредокот од #ЕК за 2022, Република Северна Македонија има значаен напредок во областа на земјоделството и руралниот развој. Доказ за тоа е и лидерското место по искористеност на #ИПАРД средствата, и почетокот на #ИПАРД 3 со двојно повеќе обезбедени европски средства. Преку #ИПА програмата бележиме значајни капитални проекти за модернизација на водоснабдувањето на земјоделските површини, процесот на консолидација е уште еден успешен проект преку ИПА, кој е веќе успешно реализиран во 14 региони.

Секоја мерка и политика што министерството ја креира изминативе години е во директна координација со земјоделците, приближувајќи се кон европски стандарди и политики. Како министер силно сум посветен да го приближиме македонското земјоделство до европското.

По успешното членство во НАТО, евроинтегративниот процес е високо поставена стратешка цел на која сме целосно посветени и подготвени. Не отстапуваме од целта да ја видиме Северна Македонија и македонскиот народ во Европската Унија“, напиша на социјалните мрежи министерот Љупчо Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БриселевропскатаНиколовскиопција
Претходен напис Абдиу-Халили од Брисел: Северна Македонија, регионален лидер во ИПАРД програмата
Следен напис АФПЗРР : Објавен јавниот повик за набавка на добиток од увоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?