Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Со разговори до решение, обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Со разговори до решение, обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје
Агровести

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Со разговори до решение, обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Објавено 13/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, денес одржаа средба со претставници на лозарите од Тиквешијата.

Денешната средба доаѓа по вчерашното упатено барање до министерот од група лозари за средба, на која се слушнаа и детaлно разгледаа нивните барања.

Барањето на групата лозари до министерството беше да се креира интервентна мерка од 5 денари за предадено винско грозје. Од страна на министерот Николовски и државниот советник Димковски, пред лозарите на средбата детално беше презентиран предлогот кој е даден до подсекторската група за најмалку 12.000 денари по хектар поддршка на лозарите за произведено винско и трпезно грозје.

Со ваквата предлог мерка за поддршка по хектар произведено грозје, се дава поддршка на сите лозари. Поради болеста оваа година штета по родот претрпеа сите лозаропроизводители, па одттука како министерство сметаме дека чесно и правично е поддршката да ги опфати сите лозаропроизводители.

Информираме и дека на состанокот заеднички беше донесен заклучок дека од интерес на лозарите е поддршката на министерството да биде по хектар произведено грозје. На состанокот е договорено, до крајот на месец октомври, по завршување на сите потребни анализи за трошоците, на нова средба заедно со лозарите биде дефиниран и износот на поддршка по хектар.

Министерот Љупчо Николовски на средбата ги информира лозарите за новиот закон за вино, кој е подготвен и се наоѓа во Собраниска процедура, каде точно се утврдува начинот за креирање на откупнате цена на грозјето и побара поддршка од лозарите за заеднички да се направи притисок до крајот на оваа година овој важен закон биде донесен од страна на Собранието.

Исто така министерот Николовски информира дека во завршна фаза се активностите за модернизација на системот за наводнување Марена, кој се очекува до крајот на оваа година да биде завршен во целост со поставување на шест нови пумпи. Лозарите веќе од следната сезона ќе можат без проблем да го користат овој систем за наводнување.

Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даваме поддршка за секој еден земјоделец. Ние сме министерство кое ги слуша земјоделците и своите одлуки секогаш ги носи во директна консултација со земјоделците и постојаните подсекторски групи на министерството.

Оваа Влада и министерство секогаш била на страната на лозарите, а нашата грижа за секој еден земјоделец продолжува.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Претходен напис Продолжен рокот за аплицирање за Јавен повик 01/2023 од ИПАРД III
Следен напис МЗШВ: До 30 октомври се продолжува рокот за аплицирање по првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?