Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: МЗШВ внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија за изградба на фотоволтаици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: МЗШВ внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија за изградба на фотоволтаици
Агровести

Ковачевски: МЗШВ внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија за изградба на фотоволтаици

Објавено 09/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулативата за изградба на фотоволтаични централи предвидува целосно почитување на регулативата за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министерството за земјоделство (МЗШВ) внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија на кое доминантно не се произведува храна, да се користи за изградба на фотоволтаични централи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Добар дел од постојните фотоволтаични централи се направени на покривните површини на индустриските капацитети, а од оние што се направени на земја најголем дел се направени на земјиште кое е над трета категорија и не е соодветно за производство на храна. Ние сме прва земја која ја почна транзицијата на стари рудни наоѓалишта како што е Осломеј каде веќе е направена фотоволтаична централа од 10 мегавати, завршени се процедурите преку јавно-приватно партнерство за изградба на нови 100 мегавати, како и на уште една 10 мегаватна централа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по завршувањето на настанот #МКЕкономија „Довербата расте”.

Тоа, како што кажа, практично значи дека производството на 120 мегавати електрична енергија од јаглен ќе биде заменето со 120 мегавати производство на Сонце. Се прават планови истото да се направи и во РЕК Битола.  

-Денеска постојат и нови технологии –агриволтаик со кои под фотоволтаичната централа може да се одгледуваат и одредени земјоделски култури, а тоа го работи францускиот Акио. Проектен тим на Владата работи на нивниот проект, бидејќи тие сакаат да инвестираат 400 мегавати во околината на Штип. Сметам дека тоа е еден чекор напред како може да има и производство на електрична енергија и производство на храна во исто време, рече Ковачевски.

За разлика од европските земји кои инвестирале во фотоволтаични централи уште пред 10-тина години, како што посочи, ние до 2016 година сме имале инсталирано само 16 мегавати, бидејќи регулативата претходно го ограничувала инвестирањето.

– Со менувањето на регулативата за само една и пол година имаме инсталирано 450 мегавати на мрежа, а до крајот на годинава ќе бидат 600 мегавати. Тоа значи дека еден капацитет како РЕК Битола која загадува ќе биде заменет во пиковите период со чиста енергија произведена од Сонцето, посочи Ковачевски.

Како добра за натамошното инсталирање на фотоволтаици ја оцени изградбата на реверзибилната хидроцентрала Чебрен која ќе може да служи како еден вид на батерија за која неодамна успешно заврши тендерот за избор на стратешки партнер за нејзина изградба преку јавно приватно партнерство со АД ЕСМ. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделското земјиштековачевскиМЗШВфотоволтаицихрана
Претходен напис Заврши Фестивалот на велешка пита пастрмајлија „Питијада 2023“
Следен напис Сончево со умерена облачност, попладне во делови услови за краткотраен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?