Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши Фестивалот на велешка пита пастрмајлија „Питијада 2023“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Заврши Фестивалот на велешка пита пастрмајлија „Питијада 2023“
Магазин

Заврши Фестивалот на велешка пита пастрмајлија „Питијада 2023“

Објавено 09/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со вкусна велешка пита пастрмајлија која се продаваше на бројните штандови, како и во велешките ресторани и кафеани и квалитетни македонски вина проследено со многу добра македонска музика за сите возрасти доцна  синоќа заврши годинашното издание на традивионаниот Фестивал „Питијада 2023“ годиа во Велес. Како и првите две и синоќешната трета вечер имаше голем огномет над градот. Градоначалникот Марко Колев во својство на организатор денеска оцени дека годинашното издание на „Питијада 2023“ е мошне успешно.

-Многу возбуда и емоции на концертите на Поточиња, велешката група D Chicks, Тин камп, Игор Димовски-Пауза за ракија, Бени, Нон Стоп, ДНК  и останатите пеачи и групи  кои настапија. Тие направија сите посетители да уживаат и да заминат дома со безброј убави спомени. Ви благодарам на сите посетители за незаборавната енергија во која Велес живееше еден убав викенд, потенцира Колев.

Велес викендов од 6 до 8 октомври на „Питијада 2023“освен велешани  и бројните велешани заминати во странство кои се вратија дома за фестивалот, го посетија и бројни  посетители од Скопје, Куманово, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп и други градови од земјава. Сите тие пробаа вкусна велешка пита пастрмајлија и пробаа квалитетни македонски вина од Повардарието.

Општина Велес како организатор им се заблагодари  на сите ресторани, кафеани и кафулиња во градот кои со гостропримство и квалитетна услуга ја подржаа манифестацијата и се покажаа како одлични домаќини.

Градоначалникот Колев воедно се заблагодари  и на сите спонзори кои ја подржаа манифестацијата и сите велешани и гости кои ја посетија и ја подржаа годинашната „Питијада 2023“. Тој се заблагодари  и на СВР Велес кои го регулираа собраќајот и бројните редари и волонтери кои се грижеа се’да помине во најдобар ред, како и на вработените од ЈКП „Дервен“ кои се грижеа за хигиената.

Општина Велес  веќе од денеска ги започнува подготовките за следната „Питијата 2024“.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:ЗавршиПитијада 2023Фестивал
Претходен напис Поевтинуваат дизелот и бензините
Следен напис Ковачевски: МЗШВ внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија за изградба на фотоволтаици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?