Планинарскиот-спортски клуб „Голак” ја заврши втората фаза од проектот за маркирање на патеката до месноста Свети Води на планината Средна.
Патеката комплетно е маркирана по Књефелцовата и Лентова маркација согласно Законот за планинарски патеки и правилникот на ФПСМ.
– Како лиценциран маркацист и поставувач и уредувач на планинарски патеки при Федерацијата за планинарство на РС, заедно со помагатели комплетно е маркирана патеката која започнува од село Тработивиште на 650 м.н.в. со највисока точка кота на 770 м.н.в. и крајна цел „Св.Води” на 735 м.н.в. на планината Средна, истакна Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК ,,Голак” Делчево.
Должината по која беше извршено маркирањето, како што додаде, изнесува девет километри.
-Претходно првата фаза опфати мапирање со ГПС уред Гармин Дакота 20 и пренесување преку ГПС запис на информативна табла како и на патоказите. Во наредниот период, на истата патека ќе бидат поставени патоказите и инфо-таблата, со што патеката ќе биде комплет завршена и ставена во функција за безбедно движење до Светите Води. Истата ќе биде доставена и до Комисијата за маркацисти при ФПСМ, додаде Чучуковски.
Проектот кој е финансиран од Општина Делчево е во насока на збогатување на туристичката понуда и во голема мера ќе придонесе за подобрување на ориентацијата на туристите при посетата на самиот локалитет.
МИА
