Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Кој ќе победи на натпреварот „Најмрзлив Црногорец“: Упорна девојка лежи веќе 47. ден, вели се уште не се одморила…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Кој ќе победи на натпреварот „Најмрзлив Црногорец“: Упорна девојка лежи веќе 47. ден, вели се уште не се одморила…
Магазин

(ВИДЕО) Кој ќе победи на натпреварот „Најмрзлив Црногорец“: Упорна девојка лежи веќе 47. ден, вели се уште не се одморила…

Објавено 03/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во црногорското село Брезна уште од 18 август трае натпреварот во лежење на кој досега се натпреварувале 21 кандидати. Најупорните тројца лежачи се уште се борат за наградата од 1000 евра. Основачот на овој натпревар, Миќо Благојевиќ, вели дека годинава натпреварот ги соборил сите рекорди.

„Ова е 11-та година. Митот за мрзливите Црногорци се обидовме да го претставиме како шега. Првата година мислевме дека натпреварот ќе трае пократко, па потоа траеше 36 часа, па 52, а потоа малку се сменија правилата за на секои осум часа да има 10-минутна пауза за тоалет. Рекордот досега беше 117 часа, но годинава се надминаа сите рекорди“, изјави Благојевиќ.

Меѓу оние кои стигнаа до оваа фаза од натпреварувањето годинава е и 23-годишната козметичарка Лидија Марковиќ од Никшиќ.

„Дојдов да уживам, да се одморам. Се обидувам да победам“, вели таа.

Лидија не се натпреварува за пари, туку сака да победи.

Открива дека секој ден ѝ нудат 1000 евра само за да стане, но таа има поинаква цел.

„Не сум тука за пари, туку за да победам. Ова е психолошка игра. Воопшто не е за пари“, вели Лидија.

„Мислев дека ова ќе трае до 6, 7 дена, но веќе сум тука 47 ден, и како вчера да си легнав“, истакнува таа и додава дека се чувствува одлично.

Овој натпревар којшто ја прави Црна Гора единствена земја во Европа, е посебно занимлив поради прифатениот стереотип за Црногорците – дека се наводно мрзлив народ. Правилата се едноставни – на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, јадење и пиење. На секои осум часа, дозволено е да се оди в тоалет. 

Натпреварот го организира црногорското „Етно-село Монтенегро“.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Претходен напис Николовски и Оздемир во посета на фарма и винарија, пречекани од мали производители, млади земјоделци и жени земјоделки
Следен напис Свежо утро, преку денот сончево со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?