Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски и Оздемир во посета на фарма и винарија, пречекани од мали производители, млади земјоделци и жени земјоделки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски и Оздемир во посета на фарма и винарија, пречекани од мали производители, млади земјоделци и жени земјоделки
Агровести

Николовски и Оздемир во посета на фарма и винарија, пречекани од мали производители, млади земјоделци и жени земјоделки

Објавено 03/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со делегацијата од Сојузна Република Германија, предводена од федералниот министер Џем Оздемир и амбасадорката Петра Дрекслер, ги посетија фармата „Аја Фарм“ и малата винарија „Брзанов“.

„Аја Фарм“ е семеен бизнис кој ги снабдува потрошувачите со млеко и млечни производи од 2014 година, нуди асортиман на млечни производи кои се доставуваат до крајните корисници преку системот за испорака „Од фарма до дома“. Во моментов „Аја фарм“ произведува 400 литри млеко дневно, од кои половината е од сопствено производство, а другата половина е од соработниците-добавувачи. На просторот пред „Аја Фарм“ беа поставени штандови со домашни македонски производи од мали производители, членови на здруженијата Национална федерација на фармери и Слоу Фуд Македонија. Двете делегации имаа можност да поразговараат со производителите кои беа претставувани од успешни рурални жени и млади земјоделци, кои креираат сопствени брендови и истите беа понудени за дегустација.  При посетата на штандовите и фармата, министерот Оздемир имаше можност да се запознае и да поразговара со малите производители и при тоа упати порака дека земјоделскиот сектор е многу силен двигател на економијата, потенцирајќи дека Германија силно не поддржува во развојот.

За време на посетата на „Винаријата Брзанов“, пред гостите беше демонстриран процесот на производство на вино. Министерот Николовски ги информираше гостите дека македонското вино е едно од најквалитетните и дека благодарејќи на мерките и политиките на министерството, имаме зголемен девизен прилив од извоз на вино, што ја позиционораше Северна Македонија на тринаесетто место во светот за оваа година. Делегацијата имаше можност за дегустација на вината од „Винарската визба Брзанов“. 

Дневната агенда завршува во германската амбасада, каде на свечен начин ќе биде одбележан Денот на обединувањето на Германија, што претставува мотив повеќе за нашето министерство, токму на овој ден да бидеме домаќини на историска посета на германскиот сојузен министер, Џем Оздемир.

Соработката помеѓу нашите министерства продолжува понатаму, уште посилно и поконструктивно, со доаѓањето на аташето за земјоделство, во јануари 2024 година, со седиште во Скопје и со цел поттукнување на земјоделскиот развој во Северна Македонија и во сите останати земји од Западен Балкан.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Претходен напис Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва
Следен напис (ВИДЕО) Кој ќе победи на натпреварот „Најмрзлив Црногорец“: Упорна девојка лежи веќе 47. ден, вели се уште не се одморила…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?