Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Празник на сливата во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Празник на сливата во Делчево
Магазин

Празник на сливата во Делчево

Објавено 29/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На десетина штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска во Делчево се славеше традицијата. Пред летната сцена се вареше ракија, се подготвуваше мармалад , а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи и изложени на продажните штандови. 

Во манифестацијата се вклучија  сите образовни институции во Делчево, децата од Дневниот центар, локални институции, индивидуални производители на ракија,  а учениците од прехранбената насока при  СОУ „М.М. Брицо“ изработија и брошура со специјалитети од сливи и ги споделија тајните на производите со сливи со сите присутни. Свои производи на штандови понудија и ЗФГ „Копачка “ од село Драмче и Здружението на пензионери од Делчево.

Епитетот највесела ракија, годинава ја заслужи ракијата произведена од Драги Васев. Тој доби осум илјади денари, а шест илајди денари отидоа кај Младен Ѓеоргиев. Од изложеното богатство, Комисијата одлучи наградата за најубаво уреден штанд во знакот на сливата на овогодинешните „Пијанечки денови на сливата“ да ја додели на учениците од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево, додека наградата за највкусен мармалад ја доби СОУ „М.М.Брицо“ .Тие добија награди по 3.000 ден, а сите учесници со штандови на манифестацијата од градоначалникот ќе добијат по 2.000 ден парични награди.

– Со денешната манифестација сакаме да покажеме дека сме горди на трудот на сливарите, на производство и на традицијата, истакна во своето обраќање градоначалникот Горан Трајковски.

Тој додаде дека традицијата на производство и преработки од сливата е од дамнина и овој ден обединува генерации и генерации делчевци.

– Ова е богатство со кое регионот се гордее и верувам дека овоштарството во регионот има иднина, а со поддршка од најразличните ЕУ-фондови, ИПАРД- програмата, субвенициите од државата кои од 2016 г. се зголемени за 25%, може да создадеме планско производство, да го осовремениме, да создадеме услови за нови преработувачки капацитети, а со влезот на земјава во семејството на ЕУ, се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем од пазар од нашиот домашен, рече Трајковски.

Традицијата на производство и преработка од сливата започнала некаде на почетокот на 20 век. Оттогаш се бележат многу подеми и падови во оваа гранка, но сливата опстојувала под различни искушенија, било од природата, било од некои други објективни или субјективни причини, но сливата опстојувала, така што денес во Пијанец има околу 600 хектари или над 250 илјади садници со сливи.

Во рамки на манифестацијата која беше збогагена, со музика и фолклор на летната сцена во Делчево настапија „Мики-Бенд“, музичка секција од ООУ „Св.Климент Охридски“, КУД „Гоце Делчев“, Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ФГ „Копачка“.

Годинешната манифестација е во организација на Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, а во организација на манифестацијата се вклучи и ЈЛБ „Илинден“, додека награди за сите учесници обезбедија „Рудине-ММ“, „Фротирка-Компани“, Брегал“ и конфекцијата „Нефи.

Пијанечки денови на сливата се реализираа со финансиска поддршка на Министерството за култура. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ДелчевоПразник на сливата
Претходен напис Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми
Следен напис Отворени саеми за органски производи и за за земјоделство, технологии, храна и преработки во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?