Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Србија пониски цени за 20 основни производи во домашните продавници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Србија пониски цени за 20 основни производи во домашните продавници
Агровести

Во Србија пониски цени за 20 основни производи во домашните продавници

Објавено 13/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Од денесka во продавниците во Србија по пониски цени може да се купат 20 основни производи за исхрана, хигиена и хемикалии за домаќинството под ознаката „подобра цена“, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ на својот Инстаграм ги повика граѓаните да ја искористат оваа акција која ќе трае до Нова година.

Производи кое ќе имаат пониска цена се: млеко, јогурт, бело сирење, јаболка, компири, тестенини, пилешко месо, салама во обвивка, безалкохолно пиво, сокови, кафе, храна за бебиња, шампон за бебиња, пелени за бебиња, шампон за возрасни, тоалетна хартија, хигиенски салфетки, детергент за миење садови и детергент за перење алишта.

Овие производи, како што наведе Момировиќ, се дел од кампањата „Подобра цена – цена за народот“ која ќе трае до 31 декември 2023 година, а со цел потрошувачите полесно да ги најдат на полиците и да ги купат, тие ќе бидат јасно означени со знак во продавниците „подобра цена“.

Момировиќ додаде дека главната цел на акцијата е цените на овие производи да бидат најниски или меѓу двете најниски во таа категорија во Европа.

Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, покажа кошница со производи чии цени ќе бидат намалени, споредувајќи ги со сегашните.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пониски ценипродавниципроизводисрбија
Претходен напис Шпанија до 2027 година ќе издвои 12 милијарди евра за да го поправи недостигот на вода
Следен напис „Костал Македонија“ во нова инвестициска фаза вредна 50 милиони евра и нови 250 работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?