Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Костал Македонија“ во нова инвестициска фаза вредна 50 милиони евра и нови 250 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Костал Македонија“ во нова инвестициска фаза вредна 50 милиони евра и нови 250 работни места
Агровести

„Костал Македонија“ во нова инвестициска фаза вредна 50 милиони евра и нови 250 работни места

Објавено 13/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Филијалата на германскиот концерн за производство на автокомпоненти „Костал“ во земјава влегува во третата инвестициска фаза, што предвидува изградба на капацитети за изработка на специјални автомобилски компоненти, во вредност од околу 50 милиони евра и проектирани до 250 нови вработувања.

Станува збор за воведување нов технички напреден производен процес, со неопходен соодветен високопрофилиран кадар, поточно изработка на специјални компоненти за електрични автомобили.

Инвестицијата предвидува два проекти – капацитет за производство на енергетски модул за полнење електрични возила што ја претвара електричната енергија од неизменична во еднонасочна, инаку технички најсложена и најскапа компонента за автомобили досега произведена во земјава, а другиот проект е изработка на кровни модули што ќе бидат вградувани во сите модели автомобили „Мерцедес“ од наредната година.

Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, појасни дека првиот модул за полнење електрични возила ќе биде вградуван во сите автомобили на групацијата „Волксваген“, компонента што ќе се произведува единствено во производствениот капацитет на „Костал“ во Охрид, додека она што е можеби најважно за деловите за „Мерцедес“ што истите ќе се произведуваат по производна линија целосно дизајнирана и произведена во земјава.

– Станува збор за нови работни места за кои е потребен технички напреден профил на работници, оттаму и потребата за интензивен тренинг и обука на идните вработени. Тие ќе се обучуваат во капацитетите на „Костал“ во Ирска и Кина, а веќе и тука има тимови што ќе обучуваат идни кадри за ангажман во производствениот процес, рече Мизо.

Производствениот капацитет во Охрид за Групацијата „Костал“ е најважна локација во Европа, со најголем потенцијал за натамошен раст и развој. Потврда на тоа е што раководните луѓе на одделите за инжинерство на Групацијата од сите делови на светот деновиве се во Охрид, на средба насочена на размена на најнови искуства, информации и добри практики и можности за нивна имплементација во производствениот капацитет во Охрид.

Бенедикт Конрад, извршниот потпретседател за производно инжинерство во „Костал“, посочи дека „Костал Македонија“ иако најмлад член на Групацијата веќе е важен партнер во компанијата на глобално ниво, како во делот на мехатроника, така и во пауертроника. 

Главниот оперативен директор на компанијата „Костал“, Ханс Јорг Херман, посочи дека глобално автомобилската индустрија се соочувала, се соочува и ќе продолжи да се соочува со предизвици, но „Костал автомобил електрик“ е компанија која партиципира најмногу во светското производство на електрични автомобили.

– Една од најважните инвестиции во елетричната автомобилска индустрија за нас е проектот тука, каде ќе се произведува модулот за електричните модели на Волксваген. Тоа покажува не само колку веруваме во тимот тука, туку и во земјата политички, така што нема причина да не очекуваме дека тоа ќе биде добра инвестиција, рече Херман. 

МИА

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:250 работни местаинвестициска фазаКостал Македонија
Претходен напис Во Србија пониски цени за 20 основни производи во домашните продавници
Следен напис Сончево и топло и во наредните денови, повремено со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?