Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шпанија до 2027 година ќе издвои 12 милијарди евра за да го поправи недостигот на вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шпанија до 2027 година ќе издвои 12 милијарди евра за да го поправи недостигот на вода
Агровести

Шпанија до 2027 година ќе издвои 12 милијарди евра за да го поправи недостигот на вода

Објавено 13/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шпанија ќе потроши околу 12 милијарди евра до 2027 година за да го поправи хроничниот недостиг на вода предизвикан од глобалното затоплување, со развој на отсолување на морската вода и повторна употреба на отпадните води, објавија денеска локалните власти.

Тој вкупен износ, спомнат за прв пат од извршната власт, ги комбинира парите веќе наменети како дел од плановите изгласани во последните месеци кои влијаат на различните хидролошки басени во земјата. Вклучува и мерки донесени поради сушата со која се соочува земјата веќе две години.

-Климатските вонредни ситуации предизвикуваат се почести и поинтензивни суши, а Шпанија е во ситуација на поголема ранливост од другите земји-членки на Европската унија (ЕУ), се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за еколошка транзиција и за земјоделство.

Според Владата, овие пари ќе бидат наменети главно за развој на инфраструктура за отсолување и повторна употреба на отпадните води, но и за подобрување на цевководниот систем со цел да се намалат загубите, пренесува Бета.

Дел од парите се наменети за поттикнување на развојот на нови технологии и вештачка интелигенција во управувањето со водите.

Шпанија од 2021 година минува низ период на исклучителна суша, а обилните дождови кои паднаа во последните денови не успеаја да ја подобрат состојбата.

Според владините податоци, 27,4 отсто од територијата на Шпанија во моментов е во состојба на готовност поради недостиг на вода.

Недостигот од врнежи се одразува на земјоделското производство кое годинава се очекува да опадне, велат надлежните.

Затоа, производството на жита не треба да надминува 11 милиони тони, во споредба со 18 до 24 милиони во нормални времиња. Ова ќе ја принуди Шпанија да увезува многу повеќе од вообичаено за да ги задоволи своите потреби. 

МИА

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:издвоинедостигот на водапоправиШпанија
Претходен напис Во Неготино 2.908 картички за набавка на гориво за земјоделска механизација во износ од  17. 217, 853 денари
Следен напис Во Србија пониски цени за 20 основни производи во домашните продавници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?