Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иницијатива за училишни градини во четири прилепски училишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Иницијатива за училишни градини во четири прилепски училишта
Магазин

Иницијатива за училишни градини во четири прилепски училишта

Објавено 08/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четири прилепски училишта се дел од проектот „училишни градини“ кои ќе ги подобрат знаењата, но и ќе ги поврзат сите предмети и сознанија во наставниот процес во основното образование. Концептот во земјава е од пред десет години, некои училишта веќе имаат позитивни искуства. Придобивките од здравата храна, се големи.

– Во Прилеп имаме четири училишта кои се влезени во проектот „училишни градини“. Тоа се училиштата „Кире Гаврилоски“, „Кочо Рацин“, „Климент Охридски“ и „Блаже Конески“. Во најава е и петто училиште и се надеваме дека тоа ќе го прошириме на целата Општина. На ниво на држава, досега има 10-тина училишни градини, без разлика дали се рурални или урбани средини. Училишните градини се многу интересни за учениците, а тоа што ќе се научи од градините ни значи нам на наставниците, на сите ученици и на целиот колектив во училиштето. Тоа се моменти во кои ние може да соработуваме, да се дружиме. Се развива тимскиот дух кај учениците, а нормално и кај наставниците. Тренд во светот е да си произведуваме храна за сопствените потреби. Кога учениците ќе ја произведат таа храна од семка до готов продукт тоа ним им е многу мило. А многу е битно производството на здрава храна, уште повеќе учениците да го научат тоа. За првпат училишна градина има во скопското училиште „Лазар Танев“ која до денеска функционира, објаснува Гоце Бумбаоски наставник во прилепското основно училиште „Кочо Рацин“.

Ова е ново на ниво на училиштата и има препреки.

– На пример, во нашето училиште, „Кочо Рацин“ неколку пати се обидовме да мобилизираме неколку компании кои се во нашето опкружување, родители. Не мора да биде помошта финансиска, туку во материјали. Имаме аплицирано до неколку општествено одговорни компании. Пред извесно време е воведен и предметот во основното образование – градинарство што е одличен вовед во приказната за училишни градини. Но во практиката тешко се одвива. Сепак не се откажуваме. Има родители и поединци кои нудат помош, вели Бумбароски.

Невладината „Слоуфуд Македонија“ е поборник на училишните градини. Уверуваат дека бенефитите се пренесуваат на сите училишни предмети. Процесот кај нас се одвива тешко зашто не е сфатена суштината.

– Бенефитот на градинарството вонучилишните средини не е само да се произведе. Туку и развој на когнитивните вештини и социјализацијата. Тие добиваат вистинско знаење што е тоа храна. А многу предмети може да се интегрираат, зашто градината станува училница на отворено. И тоа за сите предмети. Онаму каде се реализираат градините, бенефитите се огромни. Освен тоа, овозможуваат вмрежување за многу проекти со училишта во земјава и од странство. Овој процес кај нас се одвива тешко зашто не е сфатена суштината, смета Филип Димкоски од „Слоуфуд Прилеп“.

Во Прилеп, одлично искуство со училишните градини има средното училиште „Орде Чопела“ кое неодамна беше наградено за иновација во системот за наводнување „капка по капка“.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:иницијативаУчилишни градиниучилишта
Претходен напис ЦУК: Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково
Следен напис Како го празнуваат земјоделците 8 Септември: Гајби грозје, полни приколки, трактори и пауза за ручек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?