Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан договор со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, нови 775 работни места  
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан договор со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, нови 775 работни места  
Агровести

Потпишан договор со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, нови 775 работни места  

Објавено 04/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места. 

Договорот за инвестицијата денеска во Франкфурт го потпишаа извршниот директор и основач на „БМЗ” Свен Бауер и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија. 

Вицепремиерот Битиќи, по потпишувањето рече дека стабилното и предвидливо деловно опкружување кое влева доверба, низата на конкурентни мерки за поддршка на нови инвестиции, дале конкретен резултат, БМЗ по само неколку месечни разговори со претставници на државата да донесе одлука за реализација на инвестицијата и изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 2.

-Радува фактот дека инвестицијата ќе се реализира од високо технолошки напредна компанија, која својот раст и развој го проектира врз основа на истражување и развој, на напредно знаење, што значи дека во нашето стопанство ќе донесе иновативни технологии, практики на управување и експертиза, кои воедно може да се пренесат и на домашните компании во Северна Македонија, изјави Битиќи. 

Во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје, ќе се врши сериско производство на батериски производи. 

Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Изградбата на фабриката е планирано да започне кон крајот на 2023 и да заврши најдоцна за 24 месеци. 

Деспотовски и Битиќи најавија дека за потребите на инвестицискиот проект ќе се работи во најсовремена фабрика во ТИРЗ Скопје 2, организирана во три модули за производство и администрација со вкупна површина од 12.000 метри квадратни плус логистички центар. 

Групацијата BMZ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Седиштето на BMZ Holding GmbH е во Карлштајн на Мајна, Германија. Производствените капацитети на групацијата се лоцирани во Германија, Кина, Полска и САД,  а има отворено претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.

МИА

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:БМЗДоговоринвестицијаТИРЗ
Претходен напис Променливо облачно со повремен дожд до четврток, а потоа стабилно и потопло
Следен напис ЕК иницира консултации за мерки за заштита на волците во Европа 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?