Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК иницира консултации за мерки за заштита на волците во Европа 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК иницира консултации за мерки за заштита на волците во Европа 
Агровести

ЕК иницира консултации за мерки за заштита на волците во Европа 

Објавено 04/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Европската комисија денеска стартуваше нова фаза во програмата за заштита на волците, чија цел е нивно враќање во регионите на ЕУ каде што ги нема подолго време, а особено во оние делови каде мерките за спречување напади врз добитокот не се широко имплементирани. 

За таа цел Комисијата ги поканува локалните заедници, научната фела и сите заинтересирани страни до 22 септември 2023 година да достават ажурирани податоци за популацијата на волци и нивните влијанија во регионите во кои живеат. 

Врз основа на овие податоци, Еврокомисијата ќе изврши измени на правилата за статусот и за ажурирање на правната рамка на заштита на волците во ЕУ. 
Комисијата уште во април годинава започна да прибира податоци од експертски групи и засегнати страни за состојбата со волците, но овие податоци, како што се наведува во денешното соопштение, се уште не даваат целосна слика што би му овозможила на извршното тело на ЕУ да дизајнира понатамошни активности, па затоа денеска ја стартува новата фаза со цел проширување на консултациите околу заштитата на волците. 

Еврокомисијата посочува дека е свесна оти враќањето на волците во регионите на ЕУ каде што ги нема подолго време може да доведе до конфликти со локалните земјоделски и ловечки заедници, но како домороден вид, волкот е составен елемент на природното наследство на Европа и игра важна улога во нејзините екосистеми. Според директивите на ЕУ, волците во Европа уживаат строга заштита, согласно барањата на меѓународната Бернска конвенција за зачувување на европскиот див свет и неговите природни живеалишта, чии потписници се и Унијата и нејзините земји членки. 

ЕУ се труди да промовираат начини за минимизирање на конфликтите меѓу интересите на луѓето и присуството на месојадните животни преку размена на знаење и со заедничка работа на отворен и конструктивен начин, па од таму, со цел да се заштитат социо-економските интереси на земјите членки, под одредени услови, на нив им е дозволено да отстапат од забраните на строгиот режим на заштита на дивиот свет, посочува Европската комисија. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:волцитеЕвропаЕКзаштитаконсултациимерки
Претходен напис Потпишан договор со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, нови 775 работни места  
Следен напис Поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?