Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Влез во ЕУ за над 200.000 илјади наши земјоделски семејства да добијат милијарди евра ЕУ фондови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Николовска: Влез во ЕУ за над 200.000 илјади наши земјоделски семејства да добијат милијарди евра ЕУ фондови
Фондови

Николовска: Влез во ЕУ за над 200.000 илјади наши земјоделски семејства да добијат милијарди евра ЕУ фондови

Објавено 20/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еве, ако не за друго, за атер на земјоделците и домашното производство на храна, да станеме членка на ЕУ напиша Николовска.

Нашите земјоделци имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и Словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство. А се бориме на исти пазари со нивните производи. Колку и да одвојува државата од сопствен буџет нема шанси со ЕУ, затоа што таму 40% од буџетот е за поддршка на агросекторот. Единствена заедничка политика Европската Унија има за ЗЕМЈОДЕЛСТВО.Милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство…Во претпристапниот период Полска, Хрватска, Словенија искористија стотици милиони евра, затоа што Брисел ја подготвува државата за влезот во Унијата и инвестира таму каде што најмногу треба. А кај нас има простор. На нашата аграрна стратегија и реформа и треба финансиска поддршка. Штета е да пропуштиме шанса за над 200 000 семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производството да имаат достоен живот од оваа тешка професија.Има одличен тренд кај младите, оти тие следат што се случува во светот, гледаат дека најголемите газди се оние што произведуваат храна. Зошто да одат да работат во други држави ако може овде да го модернизираат производството од своите родители или да започнат нов бизнис. За тоа треба ПАРИ, а пари за нив ЕУ издвојува во МИЛИЈАРДИ. За мене од ова поголем патриотизам нема. Не одам подалеку што значи тоа за државата, за зголемување на домашното производство, за намалување на трговскиот дефицит, за сигурноста на домашната суровина.Тоа само луѓето што работат знаат, за жал и оние што ставија клуч на бизнисите оти едноставно не можат да се носат со конкурентноста на европските производи.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:влездомашно производствомзшвмилијарди еврасубвенцииунија
Претходен напис Германско семејство кое се враќало од Хрватска го запрела австриска полиција: Она што го виделе во нивниот автомобил ќе го паметат цел живот
Следен напис Временска прогноза за следната седмица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?