Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што береме и сееме во август?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Што береме и сееме во август?
Агровести

Што береме и сееме во август?

Објавено 03/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Август е месец на интензивна берба, но и на сеидба на култури кои ќе ги бериме во текот на есента, зимата и пролета. Ова е и периодот кога се подготвува зимница и сточната храна за зимата.

Ги береме плодовите

Месец на изобилство на овошје во овоштарниците и градините, освен во областите кои настрадале од несакани временски појави. Сега се берат праски, кајсии, летни сорти јаболка, круши, грозје и бобинки.

Во бавчите трае бербата на разни видови зеленчук. Се берат пиперки, краставици, домати, модар патлиџан, дињи, лубеници, боранија, грав. Пристигнува и зелката, карфиолот, летните салати, блитвата, тиквичките, тиквите, слатката пченка. Од земја се вадат компири, моркови, магдонос, цвекло, репа. Се берат зачински билки како босилек и чили пиперки. Време е и за берба на лековитите билки што ги одгледувавме во градината, но можеме да најдеме и многу други видови во природата. Важно е да не ги уништиме.

Продолжете да се грижите за насадите со пиперки, домати, модри патлиџани, тиквички, тикви, бидејќи нивната берба ќе трае до доцната есен и првите мразови.

Летна сеидба

Веќе од почетокот на овој месец може да почнеме да сееме моркови, магдонос, блитва, ендивија, праз и многу други видови зеленчуци. Луѓето кои имаат градини во медитеранската област, благодарение на потоплата клима, имаат многу поголем избор.

Без разлика каде сте, подобро е да се одлучите да садите во контејнери или садови. Причината за тоа е недостатокот на влага во почвата во текот на август, а на семето му е потребна вода за да никне и да даде квалитетни млади растенија. Ова ќе ви овозможи контролирани услови и ќе обезбеди поголем процент на ртење, еднаков раст и полесна заштита од штетници и болести. При засадување на млад расад на постојано место потребно е добро да се полева, а по потреба да се постави и заштитна мрежа за да се создаде сенка.

Доколку се решиме да сееме на отворено, потребно е да се наводнува почвата за да има доволно влага. При сеење моркови или магдонос, преку гредичката се ставаат хартиени кеси или картон. Сè добро да се наводнува. Материјалите за покривање ја имаат истата улога, да ја зачуваат влагата во зоната на ‘ртење. Малите семиња се многу чувствителни на недостаток на влага. Исто така, проверете ја староста на семињата. Во втората половина на месецот сееме репа, цвекло, келераба, блитва, зелена салата и спанаќ.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:августберемесееме
Претходен напис Во сабота нестабилно со пороен дожд и можност за локално невреме
Следен напис Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?