Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Од Брисел се очекува финансиската спогодба за ИПАРД 3, веднаш потоа први во регионот ќе почнеме со реализиација 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Од Брисел се очекува финансиската спогодба за ИПАРД 3, веднаш потоа први во регионот ќе почнеме со реализиација 
Агровести

Николовски: Од Брисел се очекува финансиската спогодба за ИПАРД 3, веднаш потоа први во регионот ќе почнеме со реализиација 

Објавено 01/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Следните неколку дена се очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за ИПАРД 3 Програмата во која ќе биде точно наведен буџетот за земјава по години и мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвски.

Веднаш потоа, како што нагласи, ќе биде објавен и првиот јавен повик со што и официјално први во регионот ќе почнеме со реализиација на новиот програмски период од ИПАРД 3.

Николовски потсети дека буџетот за ИПАРД 3 е 62 отсто поголем од ИПАРД 2.

-Во петокот од Брисел добивме официјално одобрување (акредитација) да продолжиме понатаму со четирите мерки во рамки на ИПАРД 3, кои претходно ги реализиравме во ИПАРД 2 програмата, без тешки административни процедури. Ова е уште една потврда дека без разлика на истрагите кои ги води ОЛАФ, Северна Македонија доби одобрување од Брисел да продолжи понатаму со истото темпо. Останува уште Брисел да ни ја испрати финансиската спогодба во која ќе биде точно наведен буџетот по години и мерки, која треба да ја потпише вицепремиерот Бојан Маричиќ и веднаш потоа ќе го објавиме првиот јавен повик за ИПАРД 3 програмата, со што и официјално први во регионот започнуваме со реализиација на новиот програмски период од ИПАРД 3, рече министерот пред доделувањето на договорите за поддршка на малите дестилерии.

Николовски информира дека последниот јавниот повик од ИПАРД 2 ќе биде објавен на 4 август. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БриселИПАРД 3Николовскиреализиација
Претходен напис За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии
Следен напис Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?