Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Распишан тендер за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во село Дабјани, Општина Долнени’’
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Распишан тендер за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во село Дабјани, Општина Долнени’’
АгровестиШумарство и водостопанство

Распишан тендер за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во село Дабјани, Општина Долнени’’

Објавено 26/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Проектот финансиран од Европската Унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, кофинансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), распиша јавен тендер (UNGM Референтен број: 2023/REUXD/REUTD/122655) за обезбедување на услуги за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во с. Дабјани, Општина Долнени“.

Краен рок за поднесување на електронска понуда за тендерот е 21 август (понеделник) 2023, најдоцна до 13:00 часот, по средноевропско време.

– Активностите што треба да се спроведат како дел од овој тендер вклучуваат градежни работи за подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидациско подрачје Дабјани. Поконкретно, ова вклучува рехабилитација на постојните тампонирани пристапни/сервисни патишта и изградба на нови. Дополнително, ќе се спроведат хидромелиоративни интервенции за подобрување на системот за одводнување, вклучително и изградба на премини преку постојните одводни канали со користење на цевки и цевкасти пропусти, известуваат од ФАО.

Потенцијални понудувачи можат да бидат сите градежни фирми регистрирани во Република Северна Македонија, кои поседуваат најмалку лиценца Б за градба, издадена од Министерството за транспорт и врски.

Од ФАО посочуваат дека за пристапување до тендерската документација и поднесување понуда, заинтересираните компании прво треба да се регистрираат на порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) (www.ungm.org/Vendor/Registration), бидејќи само компаниите регистрирани во UNGM имаат право да учествуваат. По успешна регистрација, компаниите ќе можат да пристапат до тендерската документација и да ги достават своите понуди преку истиот портал на UNGM (www.ungm.org/Account/Account/Login). 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дабјаниземјоделско земјиштеИзградбаОпштина Долненитендер
Претходен напис По која рута ќе оди украинското жито, а каде ќе заврши руското?
Следен напис Каква е ситуацијата со производството, извозот и увозот на домати во ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?