Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По која рута ќе оди украинското жито, а каде ќе заврши руското?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По која рута ќе оди украинското жито, а каде ќе заврши руското?
Агровести

По која рута ќе оди украинското жито, а каде ќе заврши руското?

Објавено 26/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако Русија го раскина Црноморскиот договор за транспорт на житарки од Украина на 17 јули, почна со напади врз украинските пристаништа. Во неделата беше гранатирано пристаништето во Одеса, каде што беа уништени повеќе од 66.000 тони жито. Освен тоа, во понеделникот беа нападнати и пристаништата на реката Дунав, покрај границата со Романија, каде што била уништена и складишната инфраструктура. Поради ова, речиси 30 бродови се закотвија во близина на клучниот пристанишен терминал на Измаил, пишува Ројтерс.

Рутата на Црноморската иницијатива

Наведуваат дека осигурителните компании размислуваат дали да обезбедат заштита за пристаништата на Дунав.

А таа рута, како и патните и железничките линии од Украина до Полска, Романија и другите соседни земји, е развиена како алтернативен пат од почетокот на руската инвазија. Во изминатата година по речен пат се извезени два милиони тони житарки, односно во 2022 година 600.000 тони. Меѓутоа, тие патишта може да се користат за транспорт само на дел од она што Украина треба да го извезе, а таквиот транспорт е логистички поскап во однос на црноморскиот.

Затоа, Синдикатот на украински трговци со жито UGA апелираше до Европската Унија да го зголеми капацитетот на таканаречените патеки на солидарноста. Презентирајќи ги предлозите на својата веб-страница порачуваат дека треба да се зголемува за 1-1,5 милиони тони месечно. Исто така сметаат дека европските превозници и пристаништа вклучени во овој транзит треба да добијат делумна компензација од Комисијата во форма на субвенции.

Алтернативни рути за украинското жито

„Тоа ќе доведе до значително намалување на трошоците за транспорт на жито и ќе им овозможи на украинските земјоделци да го извезуваат вишокот, без загуби, во земјите на кои им се потребни, со што ќе се стабилизира глобалната безбедност на храната“, соопштија тие.

Додаваат дека зголемувањето може да се постигне со извоз преку пристаништата во балтичките земји, Германија, Холандија, Хрватска, Италија и Словенија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:црноморска иноцојативацрноморски договор
Претходен напис Николовски: Комплетно ќе се реконструира пумпната станица Дебарско поле
Следен напис Распишан тендер за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во село Дабјани, Општина Долнени’’
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?