Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство
Агровести

Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство

Објавено 24/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство. Не многу на количествата, колку на квалитетот на производството и ако продолжат промените и наредните години, ќе се намали производството на храна. Ова го забележуваат и производителите и агрономите.

Зијафет Асаноски, производител од село Црнилиште, Долнени смета дека количествата не се во прашање, туку квалитетот на произведеното.

– Имам 20 декари или 2 хектари со пченица. Квалитетот е прилично слаб, зашто времето беше дождливо, па потоа жешко. Има недостиг од нешто за родот, ама не знаеме што. Количински добро, ама квалитетот е слаб. И не е само со пченицата. Влијае и на јачменот, на пченката, на тутунот, на сите култури. Ако продолжи вака со времето, тоа секако ќе влијае на производството. Освен тоа цената на пченицата е ниска. Цената се движи 9, 10, 11 денари. Климатските промени влијаат на сите култури, не само на пченицата, објаснува Асаноски.

Горан Томески агроном, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството вели дека поради дождовите, доцнеа пролетните работи, беше опасност. Во моментов нема голем проблем со приносите на пченицата кои се движат од 3 000 до 4000 или 4 5000 килограми од хектар, што дава гаранција дека има добро производство. Голем проблем е ниската цена на пченицата што за производителите делува дестимулациски.

– Покрај сите овие мерки што ги имаме и како Агенција и како Министерство за земјоделство, сметам дека оваа откупна цена е многу ниска, што е лош сигнал за наредниот период зашто планираме, вообичаено, дека и треба да се заработи. Има помош од 3 денари од Министерството кое колку толку треба да даде стимул, но ваквата ситуација не е во прилог на натамошно производство.

Климатските промени, миграциите, односно слабиот интерес за земјоделството, особено кај новите генерации влијаат на производството на храна. За да бидеме конкурентни, мора да се окрупнува производството.

– Генерално се намалува интересот за инвестиции во земјоделството, односно, помладите луѓе да се занимаваат со земјоделско производство. Сметајќи го тука и образовниот процес. Миграцијата си го направи своето. Земјоделството е, сепак, професија која сака многу личен ангажман, голем труд. За производството на храна, очигледно, ќе треба фокусот да се стави на поголеми земјоделци, правни субјекти кои за обработка ќе имаат поголеми површини и нивниот интерес би бил со поголеми површини до поголемо производство, односно да се инвестира во тој дел, и цената на чинење на сета механизација во тој случај ќе биде економски пооправдана и цената на чинење на производот ќе биде пониска. Така би можеле да бидат конкурентни, зашто, генерално, на пазарите околу нашето опкружување, цените се приближно на исто ниво. Ние мора да се приспособиме, зашто конкуренцијата си го прави своето, вели агрономот Горан Томески.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дождовижештиниклима
Претходен напис Земјоделците од Овчеполскиот регион бараат итно да се пушти вода за наводнување
Следен напис Од полноќ поскапуваат бензините, цената на дизелот не се менува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?