Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Овчеполскиот регион бараат итно да се пушти вода за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Овчеполскиот регион бараат итно да се пушти вода за наводнување
Агровести

Земјоделците од Овчеполскиот регион бараат итно да се пушти вода за наводнување

Објавено 24/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од девет села од Овче Поле тврдат дека десет дена немаат вода за наводнување на нивните земјоделски култури. Посочуваат дека веќе трпат големи загуби на пченката и луцерката на кои итно им треба вода.

Дејан Атанасов од Здружението „Овечеполски Аграр“ вели дека незадоволството е големо кај земјоделците од деветте села во овој регион.

-Над десетина дена нема вода, додека селата Црнилиште, Амзабегово никако не добиле, или имаа само два дена за наводнување. Незадоволство е огромно, вода нема до нашите ниви, а браната Калиманци е полна со вода, вели Атанасов.

Тони Павловски, сопственик на земјоделска фрма од Црнилиште изјави дека има 15 хектари со луцерка, од кои пет веќе му се изгорени и уништени поради тоа што вода нема до неговата нива.

-За некој ден доаѓа 2 август, а ние се уште ја немаме почнато сезоната со наводнување. Како може да опстане земјоделецот? Јас имам 15 хектари посеано под луцерка, петте веќе не ги вадам, за останатите чекам, рече Павловски.

Земјоделецот Игор Атанасов од село Мустафино вели дека штетите се големи на пченката. Годинава тој инвестирал околу 15.000 евра, но поради тоа што нема вода за наводнување нема да може да го собере родот.

Директорот на Водостопанство „Брегалница“ Благојчо Богатинов вели дека тој за Овчеполскиот регион е одговорен неколку дена, а со земјоделците од Овче Поле е во контакт и било договорено денеска да се пуштат шест кубика вода. Појасни дека поради невремето решетката на системот за наводнување била затрупана со гранки и секаков отпад. Дециден е дека водата до нивите во Овечеполскиот регион ќе пристигне утре.

-Екипите на Водостопанство работеа до раните утрински часови за дефектот да се отстрани и веќе за утре ќе пристигне водата до нивите, согласно договорот што го имав со водокорисниците на состанокот, вели Богатинов.

Посочи дека проблемите се стариот систем за наводнување, но и нема солидарност меѓу самите земјоделци. Решението е, како што рече, и поголема контрола на испустните места на каналската мрежа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:воданаводнувањеОвче поле
Претходен напис Употребата на штетни пестициди во ЕУ е намалена за една третина
Следен напис Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?