Минатонеделната ситуација на пазарот на житарки и маслодајни растенија беше одбележана со нестабилност. На париската берза Matif во четвртокот продолжи да расте цената на пченицата, а дојде до пад на цената на пченката и на маслодајната репка.
Во петокот цената на пченицата падна од 255,75 на 248,25 евра/т. И додека војната меѓу Украина и Русија ескалира, увозниците чекаат, а тоа го забавува растот на цените.
За тон пченка во петокот беше потребно да се издвојат 244,50 евра. И цената на маслодајната репка падна на 480,25 евра.
На чикашката CboT продолжи слабиот раст на цената на септемвриската пченица. Еден тон беше 239,94 евра. Цената за пченката падна на 189,98 евра/т, додека цената на сојата благо поскапе на 493,40 евра/т.
По рускиот напад на Одеса и нејзините пристаништа, цените скокнаа, но крајот на неделата донесе смиреност. Доколку оваа напната ситуација потрае подолго, пазарот очекува раст.
Овие две земји се одговорни за ¼ од светската трговија со пченица во сезоната 2023/24. Засега најголемите увозници не покажуваат загриженост, немало паничен откуп на пченица. Побарувачката била ограничена.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, уверува дека иницијативата за Црното Море овозможила безбедно заминуваање на повеќе од 32 милиони тони земјоделски производи од украинските пристаништа во 45 земји.
