Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Минатата година ЕУ вложила 69 милијарди евра за заштита на животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Минатата година ЕУ вложила 69 милијарди евра за заштита на животната средина
Агровести

Минатата година ЕУ вложила 69 милијарди евра за заштита на животната средина

Објавено 20/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2022 година земјите од ЕУ вложиле околу 69 милијарди евра во средства неопходни за обезбедување услуги за заштита на животната средина, објави денеска Евростат.

Во оваа категорија спаѓаат пречистителни станици, возила за транспорт на отпад, купување земјиште за создавање природен резерват или производство на опрема со помалку штетни емисии.

Корпорациите инвестирале околу 44 милијарди евра или околу 65 отсто од вкупните инвестиции во заштита на животната средина, а јавниот и невладиниот сектор преостанатите 35 отсто или околу 25 милијарди евра.

Учеството на инвестициите во заштита на животната средина во вкупните инвестиции во 2022 година изнесувало околу 2,5 отсто.

Корпорациите издвоиле 2,0 отсто од вкупните инвестиции за заштита на животната средина, а државите 4,8 отсто.

Најмногу инвестиции во животната средина се однесувале на отпадни води – 44,0 отсто и услуги за управување со отпад – 25,7 отсто.

Вкупно 10,5 отсто од инвестициите биле наменети за заштита на воздухот, а 7,8 отсто за заштита од радијација, истражување и развој на животната средина.

6,0 отсто од инвестициите се вложени во заштита на почвата и подземните води, 4,4 отсто во заштита на биолошката разновидност, а останатите 1,6 отсто се наменети за намалување на бучавата, соопшти Еуростат.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Европска унијаЕУживотна срединазаштита на животна средина
Претходен напис Антициклонот Харон носи екстремни горештини – Се очекува температурите неделава да го надминат европскиот максимум од 48,8 степени
Следен напис Украина ги повика членките на ОН да побараат од Русија продолжување на учеството во Договорот за жито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?