Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата
АгровестиАгропрогноза

Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата

Објавено 20/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0068.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на ЕУ вчера официјално започнаа преговорите околу Законот за обнова на природата, кој за цел има обновување на запоставените копнени и водени површини, откако минатата недела Европскиот парламент ја одобри неговата нацрт-верзија.

Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 европратеници гласа „за“ и „против“ неговото усвојување. Сепак, потоа беше поддржан на пленарната сесија на Европскиот парламент со 336 гласа „за“, 300 „против“ и 13 „воздржани“, благодарение на поддршката на пратеничките групи на Прогресивната алијасна на социјалстите и демократите, Левицата, Зелените и на либералната Обновена Европа.

Законот за обнова на природата го предложи Европската комисија на 22 минатиот месец како дел од Европскиот зелен договор, со задача да придонесе за долгорочно обновување на запоставените копнени и водени површини во ЕУ и да се постигнат целите на Унијата за заштита на климата и биолошката разновидност.

Првичната идеја на дел од европратениците беше со Законот да се постави цел за обнова на 30 проценти од запоставените екосистеми до 2030 година, но во верзијата усвоена во Европарламентот таа зацртана стапка беше намалена на 20 отсто, колку што предлагаат и Европската комисија и Советот на ЕУ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Претходен напис ПОБРЗАЈТЕ: Подготвителниот период за новиот ИПАРД 3 тече, првите повици ќе бидат објавени до крајот на август!
Следен напис (ВИДЕО) Во силното невреме што ја зафати Србија спасени 15 лица, аеродромот бил привремено затворен, делови од земјата без струја, во Хрватска четворица загинати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?