Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ: За периодот 2021-2027 година на располагање се околу 600-660 милиони евра за поддршка на процесот на европска интеграција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Маричиќ: За периодот 2021-2027 година на располагање се околу 600-660 милиони евра за поддршка на процесот на европска интеграција
АгровестиФондови

Маричиќ: За периодот 2021-2027 година на располагање се околу 600-660 милиони евра за поддршка на процесот на европска интеграција

Објавено 18/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извештајот на Светска Банка за ажурирање на систематската дијагностика на земјата доаѓа во многу клучен период за нашата земја, и се совпаѓа со неколку големи процеси во земјата. Едниот е почетокот на сеопфатен процес на проверка и изготвување на националната развојна стратегија за наредните 20 години, како што е нотирано и во самиот извештај.

Вториот е процесот на објаснувачки и билатерални скрининг состаноци како прва од фазите на процесот на пристапување кон Европската Унија, со тоа што оваа недела се во тек објаснувачките и билатералните скрининзи за Кластер 5: Ресурси, земјоделство и кохезија. Паралелно, посветени сме и на планирањето и разработката на новопромовираниот план за раст од претседателката на Европската Комисијата Урсула фон дер Лајен, претставен на ГЛОБСЕК во Братислава, со особен фокус на идентификување на области за забрзана интеграција во единствениот пазар на Европската Унија.

Секретаријатот за европски прашања го координира користењето на фондовите на Европската Унија. Во моменталната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година на располагање се околу 600-660 милиони евра за поддршка на процесот на европска интеграција. Стратешкиот одговор кој го покрива овој период, а кој се ревидира секоја година го претставува одговорот на земјата за инвестирање на ИПА средствата согласно приоритетите на ИПА 3.

Ја цениме соработката со Светска банка што ја имаме во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан и верувам дека дополнително ќе се продлабочи со последните два проекти кои беа одобрени од оперативниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан на 30 јуни од областа на енергетиката

Со нетрпение ги очекувам новите производи за поддршка на развојот на приватниот сектор, вклучително и гарантните фондови и акции кои ќе ги поттикнат приватните инвестиции и создавањето нови работни места.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:600европска интеграцијамилиони еврасветска банкасубвенциифондови
Претходен напис Владата денеска ја задолжи Агенцијата за стокови резерви – јавната набавка на 15 000 тони пченица да биде поделена во пет лотови
Следен напис АХВ повлече од продажба неколку производи – Ако сте ги купиле, веднаш да ги вратите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?