Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Подготвителниот период за првиот повик од новата ИПАРД 3 програма е во тек, очекуваме квалитени апликации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Бачовски: Подготвителниот период за првиот повик од новата ИПАРД 3 програма е во тек, очекуваме квалитени апликации
Фондови

Бачовски: Подготвителниот период за првиот повик од новата ИПАРД 3 програма е во тек, очекуваме квалитени апликации

Објавено 18/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според најавите првиот повик од новата ИПАРД 3 програма ќе биде објавен на 18 август. Потсетуваме дека веќе тече подготвителниот период за сите што се заинтересирани за аплицирање и нови инвестиции.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2023 година се наменети за следните мерки:
➢ Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и
➢ Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во примарното земјоделско производство (вклучително и земјоделска механизација) и инвестиции во насока на диверзификација на земјоделските активности и развој на бизниси во руралните средини.


– Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници. Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија. Очекуваме квалитетни апликации – вели директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.


Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.


Може да ви се допадне

АФПЗРР: Соопштение за повратот на исплатените субвенции за тутун
Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?
Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Таг:апликацииИпардмерка 1мерка 7мзшвплатежна
Претходен напис Берлин и Лондон повикаа на продолжување на договорот за извоз на украинско жито, Москва вели дека одлуката за раскинување на договорот е конечна
Следен напис Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?