Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Берлин и Лондон повикаа на продолжување на договорот за извоз на украинско жито, Москва вели дека одлуката за раскинување на договорот е конечна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Берлин и Лондон повикаа на продолжување на договорот за извоз на украинско жито, Москва вели дека одлуката за раскинување на договорот е конечна
Агровести

Берлин и Лондон повикаа на продолжување на договорот за извоз на украинско жито, Москва вели дека одлуката за раскинување на договорот е конечна

Објавено 18/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германија и Велика Британија реагираа на објавата на Кремљ за прекинување на договорот за извоз на украинско жито, повикувајќи на обновување на тој важен договор постигнат во јули 2022 година.

Германските власти ја повикаа Русија да овозможи продолжување на договорот, додавајќи дека Москва не смее „да ги натера најсиромашните луѓе на планетата да ги сносат последиците од конфликтот“ меѓу Русија и Украина.

-Се надеваме дека во иднина овој договор за жито нема да биде само за одредено време или за краток временски период, туку дека житото и вештачкото ѓубриво долгорочно ќе можат да се извезуваат од Украина – додаваат германските власти.

Британските власти го изразија своето разочарување и додадоа дека ќе продолжат со преговорите за продолжување на договорот.

-Ако Русија не го обнови договорот, тогаш ќе лиши неколку милиони луѓе од витален пристап до жито – изјавија британските власти.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека договорот истече и нема да биде продолжен бидејќи не е исполнет делот што се однесува на Москва.

Москва веќе неколку недели се закануваше дека нема да го обнови, жалејќи се на пречки за сопствените испораки на земјоделски производи и ѓубрива кои се дел од договорот.

Првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Дмитриј Полјански вчера соопшти дека одлуката за раскинување на Договорот за жито е конечна.

На прашањето дали ќе има дополнителни разговори на оваа тема, рускиот дипломат рече: „Колку што знам, нема да има“, пренесе TASS.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека раскинувањето на договорот подразбира повлекување на гаранциите за безбедност на пловидбата, како и стеснување на поморскиот хуманитарен коридор и затворање на заедничкиот координативен центар во Истанбул.

Шефицата на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивела, изјави дека е длабоко разочарана од прекинување на Црноморскиот договор за транспорт на житарки, кој според неа е суштински за да се обезбеди стабилност на глобалната цена на храната.

Потпишан во јули 2022 година во Истанбул и веќе двапати обновен, договорот со кој се дозволува Украина да го извезува своето жито преку Црното Море овозможи околу 33 милиони тони жито да се извезат од украинските пристаништа во текот на изминатата година, и покрај конфликтот.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:договор за извоз на украинско житоКремљСветска трговска организацијаСмитриј Песковцрноморски договор
Претходен напис Индекси на цените во земјоделството за јуни 2023 година
Следен напис Бачовски: Подготвителниот период за првиот повик од новата ИПАРД 3 програма е во тек, очекуваме квалитени апликации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?