Sommet de l’Elevage, водечкиот европски саем за сточарство, ќе се одржи од 3 до 6 октомври 2023 година во Клермон Феран во централниот дел на Франција. Манифестацијата е наменета за сточарството, земјоделците, здруженијата, институциите, организациите, но и за политичарите и инфлуенсерите и сите заинтересирани за овој сектор, велат организаторите.

Се очекуваат дури 2.000 грла добиток, 1.500 изложувачи и 100.000 посетители.
Во центарот на вниманието ќе бидат расите на говеда, Limousin и Brown Swiss и мешаната раса Montbéliarde.

Организаторите ја најавуваат и изложбата со досега најголем број молзни крави, вкупно 523 грла, што е за 100 повеќе од лани. Ќе има над сто конференции кои ќе ги опфатат сите клучни прашања од земјоделството, како и Sommets d’Or, натпревар во агротехнички иновации.

Централната тема на овогодинешниот саем е одржливоста на сточарското производство. Земја почесен гостин е Грузија.
Саемот ќе биде отворен од 8.30 до 19 часот. Цената на билетот е 14 евра, а за деца до 14 години, лица со намалена подвижност и лица со посебни потреби, влезот е бесплатен. Групните билети се продаваат за најмалку 15 лица.

Повеќе детали на следниот ЛИНК.
