Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците, и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за пченица и јачмен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците, и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за пченица и јачмен
Агровести

Николовски: Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците, и тоа на самиот почеток на жетвата, со нови мерки за пченица и јачмен

Објавено 10/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски најави дополнителна поддршка за јачменот и пченицата.

„По консултациите со претседателот на Владата сакам да најавам дека Министерството е подговено и ќе излезе пред Владата со нов пакет мерки кои го опфаќаат производството на жито. односно дополнителна поддршка за јачменот и пченицата. Преку Интервентниот фонд оваа година приоритет ќе дадеме за поддршка за пченицата. Предлагаме дополнителни три денари за предаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во Република Северна Македонија. Со ова производителите на пченица покрај основните плаќања кои веќе се исплатени, покрај зелената нафта за која ќе добијат зелени картички во текот на летото, во овој период ќе ја утврдиме и оваа поддршка и овие средства ќе бидат исплатени исто така брзо и навремено. Целта на мерката од три денари за килограм предадена кај домашни откупувачи, е за да ги надополниме домашните капацитети за домашно производство на храна кое треба да се зголеми.“, информираше Николовски.

„Во Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.
Се зголемува рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство.
Очекуваме зголемени колчини и затоа ја зголемуваме сумата за оваа мерка од 500.000 на 1.500.000 денари по корисник.“, рече Николовски.

Целата изјава на министерот Николовски можете да ја погледнете во следното видео.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Николовски
Претходен напис Утрово најсвежо во Лазарополе, најтопло во Гевгелија
Следен напис Европскиот саем за сточарство што ќе се одржи во октомври, посветен на три раси говеда – Централната тема ќе биде одржливоста на сточарското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?