Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали глифосат ќе добие одобрување за користење во Европската Унија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали глифосат ќе добие одобрување за користење во Европската Унија?
Агровести

Дали глифосат ќе добие одобрување за користење во Европската Унија?

Објавено 07/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) во својата стручна ревизија за проценката на ризикот на активната супстанција глифосат не идентификувала критични области и објави дека нема причина за загриженост за ризикот за луѓето, животните и животната средина.

Одобрувањето на Европската Унија за глифосат, кој со децении нашироко го користат земјоделците, истекува на крајот на годината, а заклучокот на EFSA е клучен дел од процесот на одлучување дали ќе се обнови.

Оваа активна супстанца е во средиштето на контроверзиите откако Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) на Светската здравствена организација во 2015 година заклучи дека најверојатно е канцерогена за луѓето. Тогаш хемискиот гигант Bayer објави дека десетици студии покажале дека глифосатот е безбеден за употреба.

Европската комисија ќе одлучи дали ќе предложи обновување на одобрението за глифосат врз основа на заклучокот на EFSA и извештајот на групата од четири земји на ЕУ. Останатите членови подоцна ќе гласаат за предлогот на Комисијата.

Bayer го поздравува заклучокот на оваа Агенција, нарекувајќи го основа за успешно повторно одобрување на глифосат во ЕУ, пишува Euronews. Германската групација го купи Roundup како дел од купувањето на американската агрохемиска компанија Монсанто од 63 милијарди долари во 2018 година и оттогаш потроши милијарди долари на серија тужби во САД во кои се тврди дека хемикалијата предизвикала рак.

Во соопштението на EFSA се наведува дека тие идентификувале недостатоци во податоците, односно дека не може целосно да се процени прехранбениот ризик за потрошувачите и ризиците за водните растенија, но дека потрошувачите не треба да бидат загрижени. Но, наведоа дека 12 од 23 предложени употреби на глифосат претставуваат висок долгорочен ризик за цицачите.

Последен пат кога предмет на расправа било обновувањето на лиценцата за употреба на глифосат, Европа потроши две години одлучувајќи за одобрението. Групацијата за обновување на Глифосат, група на компании што ја вклучува и Bayer Agriculture, поднела барање за обновување во ЕУ во 2019 година.

Процесот требаше да биде завршен минатата година, но обемот на информации и јавниот придонес го одложија.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:глифосат
Претходен напис Резидба на пиперките за поздрав и подобар род
Следен напис Заштитете ги домашните животни од високите температури – Кога да се хранат и колку вода им е потребно? Како настанува топлотен удар?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?