Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштитете ги домашните животни од високите температури – Кога да се хранат и колку вода им е потребно? Како настанува топлотен удар?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заштитете ги домашните животни од високите температури – Кога да се хранат и колку вода им е потребно? Како настанува топлотен удар?
АгровестиСточарско производство

Заштитете ги домашните животни од високите температури – Кога да се хранат и колку вода им е потребно? Како настанува топлотен удар?

Објавено 07/07/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Летните горештини, во последните неколку години се повидливи, следствено на климатските промени, а појавата на долги и жешки лета, штетно делуваат на домашните животни. Се поставува прашањето како животните ги преживуваат високите температури и како да им помогнеме за полесно да ги пребродат летните горештини.

Познато е дека животните тешко се адаптираат на високите температури, поради што кај животните на фармите се намалува производството. Добитокот во периодот на високи температури брзо се заморува и зема помала количина на храна, која не ги задоволува одржните и производните потреби на животните. Освен тоа, доаѓа до пореметување во репродукцијата, затоа што високата температура непосредно негативно влијае на формирањето и квалитетот на спермата кај машките приплодни грла, како и во создавањето на абнормални јаце клетки и слаб процент на концепција кај женските грла.

Што е повисока температурата и релативната влажност на воздухот, толку животните потешко ја ослободуваат произведената топлина во околината. Заради тоа се јавува температурен стрес, првенствено кај животните кои престојуваат во затворен простор, а во краен случај и топлотен удар.

Како настанува топлотен удар?

Топлотниот удар настанува како последица на зголемено создавање на топлина во телото и проблемите со нејзиното ослободување во околината. Значи не станува збор за локално делување на директните сончеви зраци, туку за последица од силно загревање на целокупниот организам. За оваа состојба дополнително придонесува и отежнатото оддавање на топлината во спарниот и топол воздух кој е презаситен со водена пареа.

Топлотниот удар најчесто се случува во лето во пренаселени објекти во кои е преслаба вентилацијата, но и за време на превоз на добитокот со транспортни средства во кои нема соодветна вентилацијата или се транспортира повеќе добиток од дозволените норми.

Топлотниот удар се забележува и кај коњи за работа кога времето е спарно, особено ако животните се подебели. Животните заради топлотниот удар почнуваат да се тетерават, а после тоа обично паѓааат, како да се во длабока анестазија. Пулсот им е покачен и слабо се слуша, дишењето е површно, а телесната температура е зголемена. Во таква состојба срцевите тонови на животното се слаби и неправилно се слушаат, а видливите слузници попримаат плавкаста боја. Ако на таквото животно не му се помогне, смртта може да настапи веднаш или за неколку часа.

Животните кои доживеале топлотен удар треба да се полеваат и тријат со ладна вода и на тој начин да се проба да се намали телесната површина. На животните треба да има се даде вода за пиење, затоа што тоа го зголемува лачењето на пот, а тоа доведува до површинско ладење на телото.

Исто така треба што побрзо да се повика ветеринар кој ќе му даде на животното средства за нормална работа на срцето и крвотокот, а по потреба и средства за спречување на дехидрација.

Спречување на топлотен стрес, односно топлотен удар, се спроведува така што при температури над 30°С и релативна влажност од 80%, животните треба додатно да се разладуваат (со полевање на лежиштата со ладна вода или со распрскување на вода со вентилатори, односно со тушеви над просторот на престој на животните). Ова пред сѐ, се однесува за говедата, свињите и живината затоа што овие животни најтешко ги поднесуваат високите температури и релативната влага на воздухот во објектот.

На животните може да им се помогне со летните горештини така што ќе се засили работата на вентилаторите во објектот или ќе се створат услови за поголема природна измена на воздухот (отварање на прозорци и врати).
Денешниот начин на изградба на објекти, првенствено во говедарството (полуотворен систем на држење) значително ги подобрува условите за одгледување на добиток од затворените објекти. Значи објектите со надворешна климатизација треба повеќе да се препорачуваат во одгледувањето на говеда, од досегашното традиционално држење во затворени објекти, бидејќи подобрените услови за одгледување на животни позитивно влијаат и на нивните производни резултати

Систем за ладење на фарма

Животните треба да се хранат дури кога ќе зајде сонцето. Во период кога животните се повеќе изложени на топлотен стрес пожелно е да се хранат после заоѓањето на сонцето, затоа што ниските температури во текот на ноќта помагаат добитокот да закрепне од влијанието на високите дневни температури. Освен тоа напасувањето треба да се организира така што животните се пуштаат на пасиштето наутро во 7 часот, после молзењето и таму да останат до пладне. Потоа се враќаат во шталата и до 17 часот, т.е. до вечерното молзење се хранат со пченкарна силажа. После повторно се пуштаат на пасиште, каде остануваат до 22 часот. Ноќта ја поминуваат во шталата со прихрана со пченкарна силажа. Ваквиот наизменичен начин на исхрана со напасување и пченкарна силажа може да го зголеми производството на млеко за 10% од традиционалниот начин на напасување, кој трае од 7 до 17 часот со прихрана на кравите во шталата со силажа.
Со наизменичниот начин на исхрана се постигнува поволен сооднос на протеините и енергијата во оброкот, а овозможува и подобра синхронизација на варењето во бурагот, што е многу важно за оптимално производство на млеко. При овој начин на производство треба да се предвиди потребата од повеќе работна снага за изнесување и собирање на добитокот. На пасиштата каде што добитокот престојува поголемиот дел од денот, а нема природна заштита, треба да се изградат настрешници како би можела таа да се засолни за време на жешките периоди. Добитокот сам бара сенки на пасиштата и не пасе од 11 до 15 часот. Покрај горенаведеното на животните во текот на летото треба да им се обезбеди доволна количина свежа вода за напојување (табела).

Потребите за вода зависат од видот и категоријата на животните, нивната старост, физиолошката состојба, начинот на исхрана, продуктивноста и условите во околината. Значи, зависно од тежината на животните, количината на сува материја, влакната и минералите во исхраната, физиолошката состојба, како и од температурата и релативната влага во воздухот зависи и количината на потребната вода за напојување на животните.

АПРЗ РЕ Неготино
Национален координатор за сточартсво Ѓоко Данаилов

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:водалетотоплотен удар
Претходен напис Дали глифосат ќе добие одобрување за користење во Европската Унија?
Следен напис Во понеделник ќе се врши ларвицидна дезинсекција против комарци во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?