Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Резидба на пиперките за поздрав и подобар род
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Резидба на пиперките за поздрав и подобар род
АгровестиРастително производство

Резидба на пиперките за поздрав и подобар род

Објавено 07/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покрај сонцето, многу влага во почвата и изобилство на хранливи материи за богата берба на пиперки, неопходно е формирање на силна и компактна грмушка на пиперката.

Како и кај доматите, и кај пиперките ги отстрануваме изданоците, како и непотребниот вегетативен прираст кој ги црпи хранливите материи и водата. Растението формира многу гранки кои го задушуваат. После дожд остануваат подолго време мокри, што придонесува за појава на болести, а плодовите се поситни.

Рамнотежа помеѓу зелената маса и родноста

За да се обезбеди добро проветрување и снабдување на плодовите со вода и хранливи материи, потребно е редовно да се врши резидба. На тој начин се воспоставува рамнотежа помеѓу зелената маса и родноста.
Првиот чекор во формирањето на растението е отстранување на сите залистоци што се формираат на стеблото до првото разгранување. Како и кај доматите, тие се наоѓаат помеѓу стеблото и листовите. На овој начин ќе се спречи формирањето на непотребна зелена маса и ќе се насочат хранливите материи и водата кон растот и развојот на растението.

Пиперката се разгранува дихотомно, односно секогаш формира две еднакви гранки. На првото разгранување, кога растението е високо од 20 до 25 см, ќе се формира цвет, а подоцна и првиот плод.
Се отстранува кога ќе достигне големина на гума за бришење на графитен молив. Улогата на ова отстранување е да се измами растението. Единствената цел на пиперката е да создаде семе. Кога првиот плод почнува да расте, тој ги апсорбира сите хранливи материи за себе и растението го забавува својот раст. Го отстрануваме за да ја натераме да расне и да формира покрупни плодови.

Разделите од втор степен се формираат побрзо и наместо еден голем, ќе добиеме два. На нив се формира по еден плод и четири нови гранки.

Понатамошната резидба продолжува во цик-цак форма, со тоа што се спречува загушувањето на централниот дел на растението. На гранките кои се формирале оставаме да се создаваат нови разделоци и плодови. Над плодот се отстранува едната гранка, а на другата се остава повторно да формира нов раздел и плод.

Во текот на сезоната на растење ќе се појават залистоци на стеблото во основата на листовите и тие треба редовно да се отстрануваат.

Пинцирање

Процесот на пинцирање или скратување се изведува кога на грмушката од пиперката се формираат 15 до 20 плодови. Овој број ќе им овозможи на сите да се развиваат рамномерно и нема да бидат мали и деформирани. Целата енергија на растението е насочена кон развој и зреење на пиперката, а не на растот на зеленилото и создавање нови цветови.

Резидбата се одвива постепено. Сите израстоци и непотребните гранки и лисја се отстрануваат што е можно побрзо, додека се уште се мали и слаби. Така, раните на растението ќе бидат помали, и тоа ќе закрепнува побрзо. Наглото отстранување на големи вегетативни делови може да резултира со венење.
За да не се скрши стеблото под тежината на плодовите, неопходно е да се врзе.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пинцирањепиперкирезидба
Претходен напис Прв закон на ЕУ за квалитетот на почвата: Што ги чека земјите членки?
Следен напис Дали глифосат ќе добие одобрување за користење во Европската Унија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?