Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште
Агровести

МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште

Објавено 02/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што појаснуваат од МЗШВ, консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија” со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, финансиски поддржан до Европската Унија и ко-финансиран и спроведен од страна на ФАО, а под раководоство на МЗШВ, кој опфаќа консолидација на повеќе 1.200 земјоделски парцели.

-Бенефитите за земјоделците од успешно завршен процес на консолидација се многукратни, па така земјоделците добиваат окрупнување на земјиштето, изградба на нови и обнова на постојните пристапни патишта до нивите, како и рехабилитација на каналите за одводнување и наводнување. Северна Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99 отсто реализација и консолидирани земјишни парцели во девет подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево, се вели во денешното соопштение од Министерството.

Заедно со нашите партнери во реалиација на процеснот на консолидација, ЕУ и ФАО, додаваат од МЗШВ, ја подготвивме и новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Николовски – Ку Донекју: Со поддршка на ФАО успешно го водиме процесот на консолидација и сме лидери во регионот
Следен напис Вавада удивительные подарки для геймеров 2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?