Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски – Ку Донекју: Со поддршка на ФАО успешно го водиме процесот на консолидација и сме лидери во регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски – Ку Донекју: Со поддршка на ФАО успешно го водиме процесот на консолидација и сме лидери во регионот
Агровести

Николовски – Ку Донекју: Со поддршка на ФАО успешно го водиме процесот на консолидација и сме лидери во регионот

Објавено 02/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од денеска во Рим учествува на 43-та Конференција на ФАО, како највисоко управувачко тело на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, на која учествуваат околу 100 министри за земјоделство од целиот свет кои ќе дискутираат за моменталната состојба со обезбедноста со храна во услови на криза.

Николовски во рамки на конференцијата оствари средба со директорот на ФАО, Ку Донекју, каде, како што информираат од МЗШВ, разговарале за досегашните проекти реалзиарани заедно со ФАО, но и за идни проекти за кои како министерство очекуваме поддршка.

-Благодарност за несебичната поддршка, бројните проекти кои би биле невозможни да се реализираат доколку зад нив со своја поддршка не застанеше ФАО.

Консолидацијата на земјиштето, проектите за подобрување на климатските состојби, вложувањето во смарт земјоделство преку посебни платформи за навремено и ефективно креирање на политики и зелената агенда се само дел од проектите кои заедно ги реализираме со ФАО, истакна на средбата министерот Николовски.

Токму благодарение на поддршката од ФАО во процесот на консолидација, се вели во соопштението од МЗШВ, Северна Македонија е земја лидер во процесот на консолидирање на земјоделското земјиште. Веќе се споверуваат девет модерни проеки за консолидација, што е за прв пат во историјата на нашата земја, а преку кои ќе се подобри структурата за околу 3.000 хектари земјоделско земјиште и земјоделската инфраструктура, директно помагајќи им на повеќе од 2.500 земјоделци да ја зголемат својата продуктивност и конкурентност.

– Успешно се завршени и проектите за подготвеност на Зелениот климатски фонд, што ја прави нашата дрќава подготвена за ефикасен пристап до овој механизам за борба со климатските промени, информираат од МЗШВ.

Главната тема на конференцијата е „Интегрирано управување со водните ресурси“, а, како што информираат од кабинетот на Николовски, се очекува да бидат донесени одлуки и препораки во однос на одржливо управување со водните ресурси, кое подразбира зедничко интегрирање на сите нивоа, развивајќи потоа програмски иницијативи за правилно искористување на водата и ризикот од поплави и катастрофи. На Конференцијата министрите ќе гласаат за избор на Генерален диреткот на ФАО, а прво на глас во изборот има и Северна Македонија.

Николовски, се вели во соопштението, пред почетокот на работните обврски во Рим ја посети базиликата „Сан Клементе“, поклонувајќи се пред гробот на Свети Кирил, како и базиликата „Санта Марија Маџоре“, посветена на Голема Богородица каде се наоѓа плочата напишана на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Претходен напис УХМР: Најмногу дожд во Струмица, а најмалку во Битола
Следен напис МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?