Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ апелира земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > МЗШВ апелира земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
Јавни огласи и повици

МЗШВ апелира земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

Објавено 22/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навреме да аплицираат за директните плаќања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во регистриран кланичен капацитет запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2022  до април 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по продадено или заклано грло говедо.

МЗШВ посочува дека дополнителни субвенции се предвидени од подмерката 2.5 за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет. Кај оваа подмерка корисници се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, односно се корисници на подмерката 2.5 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

-Услов за остварување на право за дополнителната субвенција е грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 24 месеци, потоа да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот кога се предадени на колење во регистриран кланичен капацитет. Дополнителната субвенција е прифатлива за следните раси на говеда: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 4.000 денари по продадено или заклано грло говедо, информира МЗШВ.

Министерството потсетува дека крајниот рок за поднесување апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е 30 јуни 2023.

Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб-страницата на Платежната агенција. 

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Таг:аплицираатговедамзшвсубвенции
Претходен напис Министерот Николовски во Софија ќе учествува на Меѓународен самит „Зелена транзиција – Централна и Источна Европа“
Следен напис Македонско традиционално јадење и народна носија од Мала Преспа претставени на настан во Тирана
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?