Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе учествува на Меѓународен самит „Зелена транзиција – Централна и Источна Европа“ кој се одржува во Софија.
Ккао што соопшти МЗШВ, Николовски ќе има обраќање на панелот на тема цени, храна и безбедност на храна.
Во рамки на посета на Софија министерот Николовски ќе оствари и средба со министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Кирил Ватев.
