Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето одбележан Светскиот ден на опустинувањето и сушите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето одбележан Светскиот ден на опустинувањето и сушите
Агровести

Со меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето одбележан Светскиот ден на опустинувањето и сушите

Објавено 19/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Скопје денеска се одржа меѓурегионална тематска работилница, посветена на 17 Јуни – Денот на опустинувањето и сушите (ДДД), во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) и Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (УНЦЦД).

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, глобалниот фокус за одбележување на овој ден во 2023 година е на правата на жените на земјиштето, што е од суштинско значење за постигнување на меѓусебно поврзаните глобални цели за родова еднаквост и неутралност за деградација на земјиштето до 2030 година, како и придонес за унапредување на другите цели за одржлив развој.

Министерката за животна средина и просотрно планирање Каја Шукова во поздравното обраќање потенцираше дела инвестирањето во еднаков пристап на жените до земјиштето и поврзаните средства е директна инвестиција во нивната иднина и иднината на човештвото.

– Решавањето на родовите димензии на деградацијата на земјиштето бара признавање и промовирање на правата на жените на земјиште, обезбедување еднаков пристап до ресурсите и вклучување на жените во процесите на донесување одлуки поврзани со управувањето со земјиштето и напорите за обнова. Зајакнувањето на жените и обезбедувањето нивно активно учество може да доведе до поодржливи и правични решенија за борба против деградацијата на земјиштето и постигнување одржливост на животната средина, истакна Шукова.

На настанот е обратија и извршниот секретар на УНЦЦД, Ибрахим Тиав, региононалниот офицер за Централна и Источна Европа на УНЦЦД, Надежда Дементиева, регионалниот офицер за Северен Медитеаран Мустафа Абдулах Иуртоглу и координаторката за проекти за Западен Балкан на УНЕП Искра Стојанова.

Презентацијата на учесниците беше проследена со тематска конференција „Зајакнати жени за одржливо управување со земјиштето“ во согласност со темата на ДДД „Нејзина земја. Нејзини права“. Присутните разменија ставови и искуства за акутните прашања поврзани со сопственоста на земјиштето, родовата еднаквост, пристапот на девојките и жените до подобрено знаење и технологии, улогата на жените во процесите на донесување одлуки за прашањата поврзани со земјиштето. По презентациите се отвори дискусија за прашањата за деградација на земјиштето и сушите, за постигнатиот напредок и за постојаните предизвици за постигнување неутралност за деградација на земјиштето во регионите на Централна и Источна Европа и Северен Медитеран. Исто така, се споделија ставови за можностите за активирање на агендата за обновување на земјиштето како економично и ветувачко решение за сите: владите, бизнисите, граѓанско општество.

Како што посочуваат од МЖСПП, македонскиот тим ги презентираше резултатите од ГЕФ/УНЕП проектите во Северна Македонија, особено тековните активности на  ГЕФ 6 проектот, чија цел е обновување на деградираното земјиште и унапредување на практиките за одржливо управување со земјиштето.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Поевтинуваат горивата
Следен напис Инвестирајте во ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ – прифатлива инвестиција во ИПАРД 3 програмата!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?