Бонжурот доживува ренесанса на популарноста. Еден е од најфотографираните букети на социјалните мрежи кој го краси секој стилски украсен ентериер и е совршен мирис на летото. Иако цветањето на божурот е во полн ек, никогаш не е доцна (или премногу рано) да се подготвите за новата сезона на садење за уште повеќе да уживате во прекрасните цветови.
1. ПЛИТКО ЗАСАДУВАЊЕ
Божурите се засадуваат од средината на септември до март, а тајната е во плиткото садење. Ако се засади премногу длабоко, нема да цвета. Стебленцата со пупки посадете ги до два сантиметри под површината.
2. МНОГУ СОНЦЕ И ВОДА
На божурот му е потребна влага, но почвата во која ќе ги засадите мора да биде доволно пропустлива. Најубаво ќе цветаат на сонце, без никаква сенка.

3. БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ
Потребни им се до три години да пораснат до нивната полна големина. Откако ќе процветаат во полн сјај, тие ќе ја красат градината до 50 години. Лесно се прилагодуваат на новите услови при пресадувањето.
4. ПРЕСАДУВАЊЕ
Божурите најдобро се пресадуваат во фаза на мирување – помеѓу октомври и март. Раскопајте го околу коренот што е можно повнимателно и едноставно преместете го на ново место. Можат и да се поделат за да се добијат уште пораскошни цветови. Внимавајте на секој разделен дел да имате најмалку три здрави пупки.

5. МРАВКИТЕ СЕ ВСУШНОСТ ДОБРИ ЗА БОЖУРОТ
Не обидувајте се да се ослободите од мравките од цветните пупки, бидејќи тие не им штетат. Ги има најмногу кога пупките почнуваат да „набабруваат“ затоа што се хранат со нивните слатки сокови. Така дури и помагаат да се отворат што е можно поскоро. Веднаш штом целосно ќе процветаат, мравките ќе исчезнат.

6. МИРИС
Повеќето видови имаат прекрасен, лесен мирис. Некои почнуваат да мирисаат само кога ќе ги соберете и ќе ги ставите во вазна. Интензитетот на овој мирис може да варира во зависност од времето и денот.
Извор: dnevnik.hr
