Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Скоро 5.000 нови носители на земјоделски стопанства се жени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Скоро 5.000 нови носители на земјоделски стопанства се жени
АгровестиРурален Развој

Николовски: Скоро 5.000 нови носители на земјоделски стопанства се жени

Објавено 14/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Има драстична промена во Единствениот регистар кој покажува дека скоро 5 000 нови носители на земјоделски стопанства се жени. Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3 000 и 6 000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата. Тоа значи дека жените ги реализираат инвестициите во руралните средини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Пред почетокот на завршниот настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, Николовски уште еднаш потенцира дека главен столб на македонските земјоделски политики се младите и руралните жени.

-Со Факултетот за земјоделски науки и храна и Националната федерација на Фармери ја креиравме мерката 115, популарно наречена „Рурална жена“. Прв пат во 2021 година, 250 жени земјоделки добија грант до 3 000 евра и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. Тоа и го направивме. Лани доделивме 70 договори за грант до 6 000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува. За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки. Од 2018, пред почетокот на мерката, до сега има скоро 5 000 нови регистрирани жени земјоделки. Ова е најголемата потврда дека жените земјоделки ја препознаа нашата поддршка. Ги охрабривме да бидат погласни, повидливи и поприсутни во општеството. Ги охрабривме да ги следат политиките кои ги креираме за нивна поддршка. Сега жените земјоделки се поактивно учествуваат и при аплицирањето за другите мерки, како и на јавните повици на Министерството, изјави Николовски.

Според него, жените ја користат и можноста за продажба од куќен праг.

-Паралелно со мерката за поддршка од 6 000 евра, се направи измена и на Правилникот за продажба од куќен праг, со цел полесна регистрација на производителите како помали оператори со храна. Денес, мед, ајвар, сирење, кашкавал, маџун и многу други производи легално може да се продаават со што ги поддржуваме, но и поттикнуваме жените од руралните средини. Во новата Национална програма се предвидува зголемување на оваа мерка како грант и до 10 000 евра. На последниот повик за грантови на мали произодители од животниско и неживотниско потекло, од 130 апликации, околу 50 се поднесени од жени, што зборува за зголемениот интерес за користење на расположливите програми. Наша обврска е да ги искористиме максимум можностите за да им помогнеме на руралните жени, посебно во реализацијата на нивните инвестиции, подвлече министерот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жениземјоделски стопанстваНиколовскиносители
Претходен напис Во украинскиот регион Херсон поплавени се околу 10.000 хектари земјоделско земјиште, а уништени 30 системи за наводнување – Што ќе се случи кога водата ќе се повлече?
Следен напис Во Делчево активни две свлечишта, општината бара начин за нивно санирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?