Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кочанско првпат се прска од дрон против плевелите во оризовите ниви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кочанско првпат се прска од дрон против плевелите во оризовите ниви
Агровести

Во Кочанско првпат се прска од дрон против плевелите во оризовите ниви

Објавено 07/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од атарот на кочанското село Новоселани денеска првпат користеа дрон за прскање со хемиски препарати против плевелите во оризовите ниви.

Примената на оваа современа технологија во оризопроизводството значително ќе им ги намали трошоците, но и времето за примена на хербицидите во заштитата на растението во неговата рана фаза. Освен тоа, не се прави ни физичка штета на обработените површини, затоа што во нивите не се внесува земјоделска механизација.

– Очекувам третманот со дрон да биде многу поуспешен од класичниот начин на прскање против плевели, за што користевме рачни прскалки или моторни пумпи на трактор. Бидејќи веќе нема ни доволно работна сила за рачно прскање, ова е најповолна и најефикасна опција, а третманот се изведува многу брзо. Површина од пет декари со дронот ја испрскавме за десетина минути, а кога би користел трактор или рачна прскалка, освен дополнителни работници, ќе ми требаат еден или два часа, во зависност дали нивата е добро исцедена од водата. Имам 15 хектари со ориз и откако ги видов предностите, целата површина ќе ја прскам со дрон, со што наместо за две недели, работата ќе заврши за три-четири дена, истакна Зоран Станисавов, земјоделец од Новоселани.

Оризопроизводителите засега користат услуга со дрон од трети лица, но веќе размислуваат и сами да набават опрема. Се работи за инвестиција од десетина илјади евра за еден уред, со дополнителни навигациски додатоци заради прецизност во извршувањето на задачите.

– Дронот го набавивме за сопствени потреби, за третирање на пченицата со пестициди, фунгициди и хербициди, а резултатите се повеќе од одлични. Сега нудиме услуга и на други земјоделци. Дисперзијата на активната материја по единица површина е секогаш точна и прецизна до квадратен метар, што значи нема ниту загуба на препаратот, ниту делови од нивата да останат нетретирани. Во светот оваа технологија масовно се користи, а ние иако во почетокот бевме малку скептични, брзо се разубедивме и ги согледавме предностите. Веќе третиравме кај другите жита, а сега почнуваме и кај оризот, истакна Илија Серафимов од Пробиштип, сопственик на дрон за прскање во земјоделството.

При користење дрон за третман на пченицата и другите житните култури се лета со брзина од околу осум метри во секунда и во просек дневно можат да се покријат околу 50 хектари. Кај оризот летањето се изведува двојно побавно, но предност е што нивите се идеално рамни и во просек се третираат по околу 30 хектари дневно.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дронкочанско
Претходен напис Регионалната конференција за дигитално земјоделство AgriSummitTech започнува на 8 јуни
Следен напис Времето денеска сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?