Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Регионалната конференција за дигитално земјоделство AgriSummitTech започнува на 8 јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Регионалната конференција за дигитално земјоделство AgriSummitTech започнува на 8 јуни
Агровести

Регионалната конференција за дигитално земјоделство AgriSummitTech започнува на 8 јуни

Објавено 07/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Белград ќе биде домаќин на регионалната конференција AgriSummitTech за дигитално земјоделство, посветена на примената на практични дигитални и технолошки решенија во областа на земјоделството во Западен Балкан, со фокус на секторите за овошје, зеленчук и лозарство.

Конференцијата ќе се одржи на 8 и 9 јуни и ќе собере производители, даватели на дигитални решенија, деловни асоцијации, задруги, организатори на производство, експерти, претставници на универзитети, развојни и истражувачки организации од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Хрватска, објавија организаторите.

Преку низа презентации, панел дискусии и примери од практиката, посетителите ќе се запознаат со актуелните светски трендови, решенија достапни во регионот, успешни примери на примена, како и предности кои можат да придонесат за одржливост и профитабилност на земјоделскиот екосистем.

AgriSummitTtech е организиран со поддршка на проектот „Голема мала економија“ финансиран од американската Агенција за меѓународен развој (USAID), регионалниот проект на USAID за економски развој, управување и раст на претпријатијата и регионалниот проект „Поддршка на економската диверзификација во руралните области на Југоисточна Европа“ (SEDRA II), финансиран од Сојузното Министерство за економска соработка и развој на Германија, а имплементиран од GIZ.

Првиот ден од настанот, 8 јуни, е посветен на презентации, вмрежување на учесниците и мини-изложба на достапни дигитални решенија.

Вториот ден, 9 јуни, планирана е обиколка на фармата Berry log на Космај и селото Шепшин, каде што учесниците ќе можат да ја видат примената на паметниот систем за наводнување и другите технолошки иновации.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:AgriSummitTech
Претходен напис Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена
Следен напис Во Кочанско првпат се прска од дрон против плевелите во оризовите ниви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?