Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Секојдневните врнежи негативно се одразуваат на земјоделското производство, а особено на пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Секојдневните врнежи негативно се одразуваат на земјоделското производство, а особено на пчеларството
АгровестиАгропрогноза

Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Секојдневните врнежи негативно се одразуваат на земјоделското производство, а особено на пчеларството

Објавено 07/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секојдневните врнежи, без разлика дали обилни или не, негативно влијаат на земјоделското производство, првенствено бидејќи придонесуваат за зголемување на влагата во површинскиот слој на почвата. Според прогнозите на повеќето метеоролошки центри, ваквото време ќе се задржи и во текот на јуни.

„Предолго сме под влијание на ваква воздушна маса. Април беше натпросечен во однос на врнежите, мај на неколку места беше натпросечен, во Струмица, Битола, Охрид и Берово. Во останатите места беше многу блиску до просекот. Просечните врнежи за мај беа меѓу 60 и 73/м2.“, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески.

Како што објаснува, без оглед дали врнежите се обилни или не, проблемот е всушност во честите, секојдневни врнежи, кои придонесуваат за зголемување на влагата во површинскиот слој на почвата.

„Втората половина на април и почетокот на мај се започна со расадување на тутунот, расадување на градинарските култури на отворено, меѓутоа, високата влага во почвата, во површинскиот слој придонесе за отежнато влегување на механизацијата внатре и отежнато расадување на овие култури, како и отежната меѓуредова обработка во наредниот период.“, вели агрометеорологот.

Житните култури во овој период имаат сосема доволно влага да ја завршат вегетацијата и кај нив нема некое посебно негативно влијание, освен онаму каде што врнежите беа проследени со невреме.

Негативното влијание на ваквите временски услови се одразува и во пчеларството.

„Пчеларите оваа година уште прихрануваат, особено во повисоките региони, над 700-800 метри надморска височина, се уште се прихранува. Ова никогаш не се правело во јуни. Меѓутоа, бидејќи немаат сонце, немаат суво време, немаат паша, прихранувањето не придонесува пчелите да направат мед туку само им овозможува да останат во живот.
Багремот годинава воопшто не замеди затоа што цело време врнеше дожд и цветовите се „измија“, а багремот е една од поголемите паши во Македонија.“, објаснува Ангелески.

Досегашната агрометеоролошка состојба е веќе оценета како негативна.

„Од градинарските култури нешто се расади на отворено, се посеа одредена количина сончоглед и пченка. Останатите култури некако вегетираат. Пролетните култури, гравот, пролетната зелка беа порано расадени на отворено, меѓутоа, во секој случај, не е добра состојбата и веќе ја оценуваме како негативна агрометеоролошка состојба. Поради ваквите временски услови се очекува да доцни почетокот на жетвата на јачменот и на пченицата бидејќи високата релативна влага на воздухот не им дава да се развиваат нормално како што треба.“, вели Ангелески.

Нестабилното време им прави проблеми и на овоштарите и одгледувачите на грозје кои ги вршеа превентивните прскања, но и на сточарите кои вршат косидба на крмни култури.

Секојдневните врнежи создаваат оптимални услови за појава на болести и штетници. Земјоделците треба внимателно да ја следат целата состојба, советите за кога и како да се прска за да можат да спасат барем дел од производството.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:агрометеорологангелко ангелески
Претходен напис Антракноза на јагодите
Следен напис Во кои земји на ЕУ сè уште е забранет увозот на житарки и маслодајни семиња од Украина?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?