Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Штипско-карбинскиот регион се очекуваат добри приноси на житните култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Штипско-карбинскиот регион се очекуваат добри приноси на житните култури
Агровести

Во Штипско-карбинскиот регион се очекуваат добри приноси на житните култури

Објавено 01/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на житни култури во Штипско-карбинскиот регион годинава очекуваат побогат род на пченица, за разлика од лани. Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци и индивидуален земјоделец вели дека земјоделците годинава очекуваат да соберат од еден хектар околу четири тони пченица, а лани просекот беше два тони. Забележува дека временските прилики во моментов им одат во прилог за подобри приноси.

-Но, за цената ќе видеме каква ќе биде ситуацијата. Во моментов цената на пченицата е малку падната. Ние очекуваме ако продолжи вака да помогне Министерството за земјоделство околу цената, исто така некои од земјоделците и сточарите сакаат да биде забранет извозот на пченица, а пак производителите на пченица сакаат обратно, да има извоз на пченица, вели Сарафимов.

Прашан која би била реалната цена на пченицата, Сарафимов вели дека не треба да биде под 20 денари за килограм.

-Сега е падната цената на пченицата на 14-15 денари. Меѓутоа тоа е ниска цена, се останато се зголеми, репроматеријали, ѓубрива, нафтата се качи. Есента кога ја сеевме пченицата, цената на нафтата беше 110 денари, рече Сарафимов.

Смета дека годинава жетвата на житните култури ќе почне навреме, но забележува дека се појавуваат некои болести кај пченицата.

-Есента имавме некои болести околу пченицата и тоа не е добро, бидејќи се користат разни пестициди и сега во овој период мораме да ја прскаме, бидејќи веќе е голема. Тоа не добро, вели Сарафимов.

Тој истакна дека земјоделците подолго време бараат и имаат иницијатива да им се дозволи контролирано палење на стрништата, по жетвата на житните култури. Идејата им е стрништата да се палат под надзор.

-Ова го бараме бидејќи сега имаме повеќе штета од болести, отколку претходно кога се палеа стрништата, додаде Сарафимов за МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Штипско-карбинскиот регион
Претходен напис Николовски на „GROW UP“ – регионална конференција за агробизнис“: Сите заедно треба да гледаме на земјоделското производство како заедничка шанса за влез на пазарот на ЕУ
Следен напис Szybkie kroki do rejestracji w Vavadzie
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?